Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на зејтинот во Косово достигна 3,5 евра за литар, граѓаните ги празнат полиците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на зејтинот во Косово достигна 3,5 евра за литар, граѓаните ги празнат полиците
Агровести

Цената на зејтинот во Косово достигна 3,5 евра за литар, граѓаните ги празнат полиците

Објавено 11/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на еден литар сончогледово масло во некои продавници во Косово вчера била 3,5 евра, што принудило многу граѓани во паника да купуваат од маркетите, јавуваат приштинските медиуми.

Во соопштението на Министерството се наведува дека некои трговци прво ги испразниле полиците, за да се создаде впечаток на недостиг, а потоа маслото го вратиле по новата цена од 3,5 евра.

Владата во Приштина претходно им се закани на трговците кои ги злоупотребуваат цените, а нафтата веќе поскапе за речиси 50 отсто.

Медиумите јавуваат дека поскапувањето предизвикало паника кај граѓаните, па полиците со брашно и масло на поголемите маркети често може да се видат празни.

Косовскиот премиер Албин Курти, по поскапувањето на цената на сончогледовото масло во дел од маркетите во државата на дури 3,50 евра за литар, изјави дека Косово има најскап зејтин во светот, но дека тој пораст на цените не е резултат на реалната состојба на пазарот, јави дописникот на МИА од Приштина.

По посетата на фабриката за обработка на маслото во Гњилане, Курти изјави дека за таквото поскапување нема причини и дека тоа е резултат на желбата на дел од трговците да профитираат од светската криза предивикана од руската агресија врз Украина.

– Се работи за вештачко надувување на цената на штета на граѓаните. Нема никаква причина, ниту потреба за такво поскапување. Моментно цената на маслото во Република Косово е највисока во светот, но овие поскапувања се направени од факторот човек а не од објективната состојба на теренот. Овие надуени цени мора да се издуваат, рече Курти.

Тој апелира до граѓаните да не креваат паника, затоа што, како што информира, само во гњиланската фабрика има околу 300 илјади литри масло, кое, откако ќе се обработи, според потрошувачката во Косово, е доволно за најмалку еден месец.

– Во меѓувреме, во текот на овој месец, ќе се заложиме како влада, со пријателските држави, со нашите сојузници, да најдеме извори на сировина на необработено масло, со цел, по обработката кај нас, да нема недостиг на пазарот, изјави Курти.

Тој додаде дека инспекторите вршат документирање на можните прекршувања на законите за заштита на потрошувачите и ќе се преземат соодветни мерки, не само против злоупотребите, туку и за спречување на натамошните прекршувања.

Цената на сончогледовото масло во Косово прво се покачи од околу 1,60 на 2,30 евра, а само 24 часа подоцна во голем број продавници се продаваше со цена од 3,49 евра.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:косово зејтин
Претходен напис И покрај сѐ Рускиот извоз на жито расте – Кои се главните купувачи?
Следен напис Бектеши: Од денеска забранет извозот на пченица, јачмен, пченка и брашно, државните резерви се полни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?