Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ: Се наоѓаме во најдинамичната недела на берзата на нафтени деривати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ: Се наоѓаме во најдинамичната недела на берзата на нафтени деривати
Агровести

РКЕ: Се наоѓаме во најдинамичната недела на берзата на нафтени деривати

Објавено 10/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се наоѓаме во најдинамичната недела на берзата на нафтени деривати, очекуваме постепено стабилизирање на состојбата.

Се наоѓаме во најдинамичната недела со најголем број на флуктуации на дневна основа на берзата на нафтените деривати особено на дизелот што се рефлектираат на крајната цена на дериватите што ги плаќаат крајните купувачи во земјава, порачуваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Токму затоа, додаваат, вчера донеле одлука за намалување на маржите за трговците за 33 отсто, односно од 4,5 на 3 денари за литар за да се амортизира крајната цена.

Доколку во вчерашната одлука за зголемувањето на цената на нафтените деривати реално ги земеле сите параметри, како што велат од РКЕ цената на дизелот би се зголемила за 10,5, а на бензините за 5,5 денари за литар.

Од РКЕ ги повикуваат трговците на трпеливост и солидарност и најавуваат дека маржата ќе им биде вратена веднаш кога ќе се создадат услови за тоа. Потсетуваат дека за заштита на цената не електричната енергија и парното греење профитот кај МЕПСО и ЕСМ е намален за 90 отсто, а кај БЕГ е 0 отсто. Очекуваат и Собранието брзо да ги донесе новите мерки за акцизата и ДДВ-то на горивата што вчера ги усвои Владата.

Како што велат од РКЕ, токму на барање на трговците со нафтени дериват се одлучиле да ја променат методологијата на одредување на цените и да работат ден за ден, односно да има промена на цената на нафтените деривати секој ден доколку пресметката покаже дека малопродажната цена би можела да оди два денари нагоре или надолу.

Свесни сме, порачуваат од РКЕ, дека трговците купуваат во реално време, а ние правиме цена за минатиот период. Минатата недела беше главниот удар, а ние правевме цени врз основа на претходната недела поради што трговците се соочуваа со губитоци кои кај дизелот достигнаа до 22 денари. Затоа почнавме со методологијата ден за ден во која се следи просекот од изминатите пет дена.

Од РКЕ потсетуваат дека тоа што се случува со суровата брент нафтата на берзите нема влијание кај нас во пресметките зашто, како што велат, кај нас влијае она што се случува на берзите за секој нафтен дериват посебно и курсот на денарот во однос на доларот. Се зема просекот од петдневните котации на берзата за секој нафтен дериват посебно.

Од РКЕ нагласуваат дека се одлучиле на таков начин на пресметка со пет дневен просек за да нема ценовни шокови. Доколку оделе со цената од последниот ден во понеделникот дизелот ќе поскапел за 15,5, а вчера за 20 денари за литар. Во викенди нема котации на берзата и затоа нема за време на викенд да се менува и малопродажната цена во земјава.

Од РКЕ очекуваат набрзо да се стабилизира состојбата на светскиот пазар и велат дека тоа може да го направат само големите земји. Идејата, како што велат, е да се стабилизира производството и за тоа поголемите земји веќе ги вклучуваат стоковите резерви. Проблем, како што посочуваат, е и производната цена на нафтените деривати, која е зголемена заради повисоката цена на електричната енергија на светските берзи, но и заради поскапото производство на нафтени деривата со повисоки еколошки стандарди.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нафтаРКЕРКЕ Бензиннафта
Претходен напис МИКС од четири семиња – лен, сусам, тиква, сончоглед, на АГРО ФИЛА, вистински извор на здравје
Следен напис Макпетрол: Намалувањето на маржата ќе предизвика криза со горивата и блокада на економијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?