Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „ЗаЖени” – проект за зајакнување на меѓународната соработка на жените во руралните средини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > „ЗаЖени” – проект за зајакнување на меѓународната соработка на жените во руралните средини
Рурален Развој

„ЗаЖени” – проект за зајакнување на меѓународната соработка на жените во руралните средини

Објавено 10/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението на бизнис жени од Северна Македонија е дел од Балканскиот проект „ЗаЖени“, чиј носител е Хрватска асоцијација за туризам и рурален развој. Хрватската асоцијација спроведува проект насловен „Жените – поврзани со знаење и искуство”, кој е кофинансиран од Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Во проектот учествуваат жените од руралните средини од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.

Проектот има за цел да ја зајакне меѓународната соработка на жените во руралните средини од Југоисточна Европа.

-Ќе опфати 200 членки на целната група, жени кои живеат и работат во рурални средини, преку обука, менторство и формирање на мрежа на рурални жени како систем за поддршка на претприемачки иницијативи за (само) вработување, велат од Здружението на деловни жени од Северна Македонија коишто се партнери на проектот.

Покрај Здружението, партнери се и ГТФ-Иницијатива за одржлив раст (Хрватска), Институтот за регионален развој и здружение на деловни жени во БиХ (Босна и Херцеговина), Академија за женско претприемништво, Развој на рурална иницијатива и Кластер за занаети за ревитализација на старите занаети во Србија (Србија).

Проектот е во времетраење од 12 месеци, а ќе бидат организирани активности во две насоки, преку состаноци, работилници, размена на искуства и други активности ќе се работи на зајакнување на капацитетите на ГО и на вмрежување и меѓусебна консултација со цел дополнително поттикнување на меѓународната развојна соработка.

– Дополнително, руралните жени во земјите од Југоисточна Европа ќе бидат охрабрени на полето на образованието, учењето, вработувањето и претприемништвото, што на крајот ќе придонесе за ревитализација на руралните области, додаваат од Здружението, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Објавен Јавен повик од програмата за рурален развој Мерка 213 – Поддршка за зачувување на руралните предели
Таг:за жениподдршка за жените земјоделскирурален развој
Претходен напис До крајот на неделата студено, од понеделник постепен раст на температурите
Следен напис МИКС од четири семиња – лен, сусам, тиква, сончоглед, на АГРО ФИЛА, вистински извор на здравје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?