Денеска во Општина Липково на една маса бевме седнати агрономи, професори, претставници од МЗШВ, АПРЗ, локалната власт и приватниот сектор. Денеска градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи покажа каков треба да биде односот на првиот човек на општината кон земјоделците и земјоделското производство.
Разговаравме за стратегија, за поддршка на земјоделците, нивна едукација за искористување на ИПАРД средствата и другите мерки од Владата. Стана збор и за решавање на проблемот со пласманот преку моделот на Договорно производство на култури кои можат да се произведат во овој регион.

Немаме време за губење, на сите ни е јасно што треба да се направи, потребно е само ставање во систем на сите чинители во овој дел и делување. Затоа договоривме наскоро средба на земјоделците во организација на АГРОТИМ и Општина Липково, за сите овие важни теми. Заедно со земјоделците да придонесеме за развој на агрокоплексот. Му благодарам на градоначалникот за подготвеноста и желбата за соработка.

Фејсбук-статус на Ленче Николовска, Агротим
