Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на пченицата над 400 евра за тон, цените на пченката и сточниот јачмен достигнуваат нови рекорди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цената на пченицата над 400 евра за тон, цените на пченката и сточниот јачмен достигнуваат нови рекорди
Пазари

Цената на пченицата над 400 евра за тон, цените на пченката и сточниот јачмен достигнуваат нови рекорди

Објавено 08/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светскиот пазар претрпува големи промени, а европските земји се загрижени поради отежнатото снабдување со житни култури и вртоглавиот раст на нивните вредности. Цените на пченицата, пченката и јачменот растат од ден на ден, а сѐ повеќе земји носат рестрикции кога станува збор за извозот на жито и храна. Причина за тоа е стравот од недостиг поради војната во Украина.

Европската пченица во петокот го заврши тргувањето по цена од 393,75 евра за тон, додека новата реколта во 2022 година се тргуваше за 316,25 евра, пишува Агрархеуте.

За само десет дена пченицата поскапе за 100 евра на европскиот пазар на фјучерси. Цените на моменти беа над 400 евра, а во многу региони размената целосно престана.

Цените на пченицата во претпазарната трговија во САД повторно достигнуваат дневни највисоки нивоа, па од 85 дојдоа до 1294 центи за бушел. Ова ќе има големо влијание врз цените и на пченицата и на пченката во Европа и се очекува да надминат над 400 евра. Пченката во петокот заврши со тргување по 350 евра за тон.

Забрани за извоз и складирање залихи

Сè поголем број европски земји го ограничуваат извозот на житарки. Унгарија го забрани извозот, освен за хуманитарната помош. Бугарија ги надополнува своите резерви. Моментално располагаат со околу три милиони тони и планираат да купат уште 1,5 милиони тони пченица, пишува украинскиот АПК-Информ.

Аналитичарите на оваа земјоделска платформа ја проценуваат количината на пченица што сѐ уште не е извезена од Русија и Украина на вкупно 13,4 милиони тони. Транспортот од пристаништата во Црното Море е целосно запрен, а во моментов во нив има 80 странски бродови кои не можат да испловат.

Се предвидува натамошно зголемување на цените

USDA очекува ЕУ да има најниски финални залихи на пченица во последните пет години од 9,9 милиони тони во споредба со 10,9 милиони тони во 2020/21 година и 13,1 милиони тони во 2019/2020.

Аналитичарите затоа сметаат дека нема да има извоз на пченица од Европа. Во исто време, САД имаат најмалку залихи во последните пет години.

И цените на сточниот јачмен достигнуваат нови рекорди. Во петокот во Хамбург се тргуваше по 340 евра, а натамошен раст се очекува оваа недела.

Пролетната сеидба во Украина е ограничена поради конфликтот, недостигот на гориво, семиња, производи за заштита на растенијата и ѓубрива. Локалните метеоролошки служби најавија дека површината на зимските култури (зимска пченица, маслодајна репка) би можела да достигне околу 900.000 хектари или 12 отсто од вкупната обработена површина. Се проценува дека меѓу 90 и 95 отсто од зимските култури би можеле да ја преживеат зимата без сериозни оштетувања, пренесува Агроклуб.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Таг:пченица
Претходен напис Веројатни последици во светот од евентуална забрана на увоз на руска нафта
Следен напис Дали Русија ќе го прекине извозот на ѓубрива? Се затвора украинскиот Cherkasy Azot
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?