Владата на Украина воведе нула квоти за извоз што подлежи на лиценцирање во 2022 година на ‘рж, овес, хељда, просо, шеќер и сол погодни за исхрана на луѓето, според владината уредба бр. 207 од 5 март објавена во неделата на веб-страницата на Владата.
Согласно со измените и дополнувањата на Резолуцијата за списокот на стоки кои се предмет на лиценцирање и квоти за извоз и увоз за 2022 година бр. 1424 од 29 декември 2021 година, воведени се нулта квоти за извоз на жив добиток и нивно замрзнато месо, „месо и изнутрици што се јадат, солени или во саламура, сушени или чадени, говедско месо (украински царински шифри за класификација на стоки за надворешна трговија шифра 021020), пренесува Interfax.com.
Украинската влада исто така вчера одлучи да воведе извозни дозволи за главните земјоделски производи – пченица, пченка и сончогледово масло, пренесува новинската агенција Интерфакс Украина.
Агенцијата наведува дека во документот се вели дека на трговците ќе им требаат и дозволи за извоз на живина и јајца. Украина е еден од водечките светски производители и извозници на житарки и растителни масла.
Најголемиот светски извозник на сончогледово масло, исто така, претхподно рече дека ќе извезе 60 милиони тони житарки во периодот од јули 2021 до јуни 2022 година, што вклучува 33 милиони тони пченка и 23 милиони тони пченица.
Претходно во неделата, премиерот Денис Шмигал рече дека Владата одлучила да го ограничи извозот на голем број општествено важни стоки и суровините од кои се произведуваат, но не прецизираше конкретни групи на производи.
