Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
Агропрогноза

Утрово најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Објавено 07/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најниска температура во земјава изутринава е измерна на Попова Шапка -9 и во Маврови Анови -7.

Во Крушево се измерени -3, во Претор, Берово и Охрид -1, а нула степени во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Битола, Скопје-Петровец. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални 4 степени се измерени во Дојран и Гевгелија, соопшти УХМР.

Во Маврови Анови наврна најмногу снег 61 сантиметар, во Крушево снежната покривка е 56, во Ѓуриште 36, во Пожаране 34, а во Битола 7 сантиметри.

Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Дојран 7 литри на метар квадратен, потоа во Тетово 6, Штип и Пожаране 5, а најмалку во Скопје – Петровец, Попова Шапка, Битола и Прилеп – 1 литар.

Врнежите престанаа во вечерните часови, а преку ноќта преовладуваше значително облачно време, тивко и не многу студено. Во текот на ноќта се појави магла во источниот дел од Скопско, а магла има утринава и на повисоките места од ниската облачност. Слаб дожд има утринава во Демир Капија и Скопје – Петровец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, главно во западните делови и на крајниот југоисток со врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд кој повремено ќе преминува во снег. Максималната температура ќе достигне 4 степени.

Може да ви се допадне

УХМР: Нестабилно време до петок, локално можно невреме со град
Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер
До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Таг:временска прогноза
Претходен напис Времето денеска облачно со повремени локални врнежи претежно од снег
Следен напис Цените на горивата и понатаму ќе бидат најниски во регионот, државните резерви полни, уверува министерот Бектеши
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?