Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски за „Аграр“: За прв пат имаме Програма за интервентен фонд, со дополнителни финансиски средства им помагаме на земјоделците да имаат одржливо производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски за „Аграр“: За прв пат имаме Програма за интервентен фонд, со дополнителни финансиски средства им помагаме на земјоделците да имаат одржливо производство
Агровести

Николовски за „Аграр“: За прв пат имаме Програма за интервентен фонд, со дополнителни финансиски средства им помагаме на земјоделците да имаат одржливо производство

Објавено 06/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подготвени сме со механизми, со дополнителни средства да им помогнеме на земјоделците, на компаниите во овие кризни времиња,  за да ги анулираат трошоците од растот на цените, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во денешното гостување во емисијата „Аграр“ на Националната радио телевизија.

Министерот Николовски посочи дека на следната владина седница ќе биде предложена новата Програма за интервентен фонд со која се планирани 250 милиони денари за интервентни мерки.

“Оваа година е прва година во којашто имаме посебна Програма за интервенентен фонд, надвор од директните плаќања и руралниот развој,  250 милиони денари се внесени во овој фонд кој ќе се состои од мерки што ќе значат поддршка и за сточарството и за  растителното производство односно поддршка за житните култури. Имавме средби со одгледувачите на свињи, на овци со посекторската група за житни култури во МЗШВ, се со цел да детектираме што е тоа што треба да го поддржиме. За набавка на вештачки ѓубрива ќе добијат 20% поддршка од државата, за да го ублажиме растот на цените. Само за подмерката за субвенционирање на ѓубривата се предвидени 120 милиони денари. Другите две мерки се однесуваат за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет за што субвенцијата е 400 денари и 1.500 за предадени гоенци во кланичен капацитет. Земјоделците треба да ги  чуваат сметките од овој период, компаниите фактурите“, рече министерот Николовски.

При тоа министерот Николовски посочи дека ова година поради растот на цената на нафтата направиме дополнително усогласување, со што изаносот на поддршката за мерката зелена нафта е зголемен за 13%, а дополнитено со измените на Законот за земјоделство и рурален развој што е во собраниска процедура, поддршката за оваа мерка се зголемува на 70% и следната година на 100%.

Во однос на состојбата со пченица, Николовски повика на смиреност и изјави дека мелничарите имаат залихи а производството на домашна пченица бележи пораст.

„Во 2017 година производството било 195 илјади тони, а во 2021 година е 253 илјади тони. Тоа е зголемено домашно производство, зголемени приноси. Имаме намалување на увозот на пченица од 87 илјади тони во 2017 година на 74 илјади тони во 2021 година. Кај јачменот од увоз на 15 илјади тони во 2017 година сега имаме 950 тона. Ние сме секогаш во постојана комуникација со сите ресорни министерства од регинот, и иницијативата Отворен Балкан ни овозможува да разменуваме информации на дневно ниво, ќе имаме министерски состанок набрзо за да договориме идни политики и меѓусебно да се поддржуваме“, изјави министерот Николовски.

Се става фокус на поддршка и развој на договорното производството, посочи Николовски,  како модел за сигурно и одржливо произвдство, посочувајќи го како позитивен пример договорното производство со сончогледот, што доведе и до зголемување на површините со оваа култура.

Во интервјуто, Николовски изјави дека за прв пат оваа година Прорамата за финансиска поддршка во земјоделтвото е усогласена со европските директиви, со што се воведува авансна исплата на субвенциите годинава како пилот мерка за овоштарите а од следната година за сите земјоделски гранки.

Во делот на новата ИПАРД 3 програма, министерот Николовски најави дека  се очекува за 60% да биде зголемен буџетот. Првиот повик за ИПАРД 3 се очекува да се објави  во последниот квартал од годината, со буџет од околу 35 милиони евра и нови акредитирани мерки за поддршка на земјоделството.

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:аграрденарумилиониНиколовскисубвенции
Претходен напис Бектеши до Вучиќ: Доколку не е политичка финта, нека го каже денот на испораката на житото
Следен напис Времето денеска облачно со повремени локални врнежи претежно од снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?