Министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител изјави дека инспекторите веќе биле на терен по бензиските пумпи за да разговараат, како што рече со надлежните, во врска со ограничувањето на потрошувачката на нафтените деривати.
Оваа реакција доаѓа откако денеска во повеќе градови низ Македонија се направија редици од автомобили пред бензиските пумпи, во Велес, Прилеп, Скопје. Некои граѓани прават залихи од гориво.
Претходно, од Макпетрол ги информираа потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи на оваа компанија и покрај фактот дека во овој момент Макпетрол работи со загуба. Од компанијата апелираат до потрошувачите да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини за да не ја загрозат опшштата безбедност на граѓаните.
Бектеши уште еднаш повтори за граѓаните дека место за паника, немало.
