Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангеловска-Бежоска: Нема руски и украински банки кај нас – банкарскиот систем стабилен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангеловска-Бежоска: Нема руски и украински банки кај нас – банкарскиот систем стабилен
Агровести

Ангеловска-Бежоска: Нема руски и украински банки кај нас – банкарскиот систем стабилен

Објавено 02/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните да бидат спокојни, курсот на денарот останува стабилен и понатаму, исто како и банкарскиот систем. Нема банка во доминантна сопственост на акционери од Русија или Украина, од овој аспект, не постои изложеност на ризик и можност за влијание врз стабилноста на банкарскиот систем, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за весникот „Вечер“.

-Ние имаме фиксен курс на денарот, врзан за еврото. Оттаму од исклучителна важност за одржување на курсот се девизните резерви. Девизните резерви со кои располагаме се околу 3,4 милијарди евра, односно се на високо ниво и се во целост конзистентни со нашите очекувања. Ова ниво е повисоко во однос на нивото на девизни резерви кое го имавме пред пандемијата, а за споредба, во 2008 година, кога исто така ја одржавме стабилноста на денарот и покрај глобалната финансиска криза, нивото на девизни резреви беше два пати пониско. Во својот извештај од редовната мисија во нашата земја, ММФ јасно посочува дека курсот е целосно конзистентен, и со економските параметри и со проекциите и со политиките кои ги водиме, односно дека низ годините тој бил сидро на стабилноста на нашата економија – појаснува гувернерката.

Нагласува дека состојбите во банкарскиот систем се стабилни, а, како што вели, податоците покажуваат дека продолжува трендот на кумулативно зголемување на депозитите во домашните банки и во текот на февруари. Според неа, анализите на неделните промени на депозитите на домаќинства во просек упатуваат на поповолни движења во последната недела од февруари, заклучно со 27 февруари, во однос на претходната недела од месецот. Гувернерката во интервјуто повикува на подигнување на општата свест, дека со ширење на лажни вести се нанесува штета на граѓаните.

-Особено во време на вакви глобални турбуленции, треба да видиме како сите заедно можеме да ја надминеме со минимум последици, а не да креираме штета таму каде што реално нема – истакнува Ангеловска-Бежоска.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:денар
Претходен напис Граѓаните да не стравуваат – храна има, цените се под контрола
Следен напис Нов скок на цената на нафтата на светските берзи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?