„После една деценија, Пробиштип доби модерна кино сала со капацитет од 360 посетители. Преку Програмата за рурален развој, со поддршка од #МЗШВ и Платежната агенција жителите на Пробиштип ќе може да уживаат во уште еден успешно завршен проект, а тоа е новата кино сала.
Страта кино сала со години не беше во функција, но сега е целосно реконструирана, обновена, а веќе од следниот месец почнуваат и првите културни настани. На мое големо задоволство Кино салата “Злетовски Рудар”, своето име го добива во чест на рударите од овој крај.
Општина Пробиштип е одличен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт.
Продолжуваме да ги поддржуваме општините и нивните проекти, преку #ефикасни програми, мерки и политики.“, стои во фејсбук-објавата на министерот Николовски.

