Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сојуз на земјоделски здруженија: Без повисоки цени, ќе се уништи тутунопроизводството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сојуз на земјоделски здруженија: Без повисоки цени, ќе се уништи тутунопроизводството
Агровести

Сојуз на земјоделски здруженија: Без повисоки цени, ќе се уништи тутунопроизводството

Објавено 27/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако не се зголемат цените за новата реколта, во опасност е целото тутунопроизводство и нема да се прифатат договорите што се нудат за годинава, велат од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Сојузот на крајот од откупната кампања со 20-тината членки ги резимираат состојбите и бараат да се зголемат цените по класи.

Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, цените треба да ги следат трошоците на животот и производството и нема да се прифатат договорите за новата реколта, а Министерството за земјоделство да биде посредник во преговорите.

– Законскиот рок за завршување на откупот е во понеделник, но сметаме дека уште во петокот е завршена откупната кампања и дека е откупен сиот тутун. Досега се откупени 18 700 тони тутун по просечна цена од над 200 денари. Сега разговараме за завршувањето на откупот и за новата реколта. Не дека сме задоволни, како тутунари со 200 денари просечна цена и затоа сакаме да кажеме дека предлог-договорите кои ги имаат пуштено фирмите ние во целост не ги прифаќаме и не се согласуваме со нивните договори. Како Сојуз бараме од Министерството за земјоделство, веќе има закажано средба за идната недела, затоа бараме Министерството да излезе како посредник, како наш заштитник, при преговарањето со фирмите. Бараме цените по класи да се зголемат за онолку колку се зголемени трошоците на живот. Сѐ додека не постигнеме добри цени, нема да ги прифатиме договорите, па макар да почне и наредниот откуп, рече Стомнароски.

Сојузот не очекува да се зголеми тутунопроизводтвото.

– Според состојбите, не очекуваме дека ќе се зголеми интересот за тутунопроизводството. Доколку не се постигнат цените кои ги бараме, не знам дали в година ќе се стигне до 16 000 тони реколта, а наредната година тутунопроизводството ќе се доуништи. Ако фирмите и Министерството дозволат да згасне тутунопроизводството, ние тоа нема да го дозволиме. Ќе направиме сѐ што е во наша моќ. Со Министерството имавме неколку средби, имаат расположение да се разговара и затоа е најавен состанок за идната недела, вели Стомнароски.

Сулејман Абази, тутунопроизводител од крушевско Норово, вели дека размислува да го намали производството, ако нема достоинствени цени. Цената, вели, не треба да биде под 250 денари, но мора да се зголемат по класи.

– Производството на тутун не е само интерес на тутунарите, туку е во интерес и на самите фирми. Овој процес е заеднички. Фирмите треба да настојуваат да ги мотивираат производителите со зголемувањето на цените по класи. Цениме дека доколку останат овие цени, ќе има тенденција на намалување на тутунопроизводството. Годинава имав производство од три тона. Ако не се зголемат цените, мислам да го намалам. Просечната цена да не биде под 250 денари, вели Абази. ем/мс/
Прилеп, 27 февруари 2022 (МИА)

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:откупсојузтутунцена
Претходен напис СИТЕЛ: Земјоделците стравуваат за пласманот на раноградинарските производи
Следен напис Облачно со врнежи од снег и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?