По нападот на Русија врз Украина сите светски берзи доживејаа пад, а истото се случи и на нашата берза.
По започнувањето на тргувањето, речиси сите акции на котираните компании бележеа драстичен пад на вредноста па затоа Македонска берза вчера во 12:23:05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути.
„Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пад од 8,39%, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%“, известија од Македонска берза.
Висок пад на вредноста забележаа сите највлијателни македонски компании чиишто акции се најтргувани на Македонската берза и кои го сочинуваат МБИ10 индексот.

Берзанскиот индекс МБИ10 на Македонска берза на крајот на тргувањето забележа висок пад од 8,65%, каков што не беше забележан уште од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

