Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште еден потенцијален удар за земјоделците – Русија е најголемиот производител на амониум нитрат, клучна компонента во вештачките ѓубрива
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште еден потенцијален удар за земјоделците – Русија е најголемиот производител на амониум нитрат, клучна компонента во вештачките ѓубрива
Агровести

Уште еден потенцијален удар за земјоделците – Русија е најголемиот производител на амониум нитрат, клучна компонента во вештачките ѓубрива

Објавено 24/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ПОРАДИ руската инвазија на Украина, цените на некои производи може да се зголемат.

Експертите сметаат дека овој конфликт не треба да доведе до глобална рецесија, туку дека нестабилноста на пазарот и заканата од санкции може да доведат до повисоки цени на горивата и земјоделските производи.

Веќе денеска, по нападот, цената на нафтата скокна на 105 долари на меѓународниот пазар поради можните санкции против Русија.

Храна

Глобалните цени на храната веќе беа блиску до највисокото ниво во последните 10 години. Сега руската инвазија може да ја влоши ситуацијата. Русија е најголемиот извозник на пченица во светот, додека Украина е значаен извозник на пченица и пченка. И двете земји извезуваат растително масло.

Цените на пченицата веќе скокнаа на највисоко ниво од 2012 година. Поскапеа и пченката и сојата.

„Без разлика каде точно се извезуваат намирниците, јасно е дека ако има општ недостиг во светот, тогаш цената ќе се зголеми“, рече Бен Меј, директор за глобално макро истражување во Oxford Economics.

Украина сепак требаше да извезе 15 милиони метрички тони пченка и помеѓу 5 и 6 милиони метрички тони пченица оваа сезона. Сега клиентите како Кина се свртуваат кон Европа и САД за да го пополнат можниот недостиг на овие производи.

Хелима Крофт, шеф на глобалната стратегија за стоки во инвестициската банка RBC Capital Markets, рече дека ризикот од инфлација на цените на храната „се чини акутен“ бидејќи Русија и Украина заедно држат 25% од светскиот извоз на пченица, додека Украина сама учествува со 13% од извозот на пченка.

Има уште еден потенцијален удар за земјоделците – Русија е најголемиот производител на амониум нитрат, клучна компонента во вештачките ѓубрива. Американскиот секретар за земјоделство Том Вилсак денеска изјави дека европските потрошувачи би можеле да бидат повеќе изложени на зголемените цени на храната отколку Американците.

Извор – Локално

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:горивопченицахрана
Претходен напис Црна Гора подготвува залихи на храна и гориво
Следен напис Времето денеска сончево, од утре нов влажен бран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?