Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СВР Тетово со апел да не се палат стрништата на нивите за да нема пожари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СВР Тетово со апел да не се палат стрништата на нивите за да нема пожари
Агровести

СВР Тетово со апел да не се палат стрништата на нивите за да нема пожари

Објавено 24/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тетовската полиција упатува апел до граѓаните сувата вегетација и стрништа на нивите да не се палат за да се избегнат пожари на отворено. Такви примери веќе се забележителни низ тетовскиот регион со оглед дека земјоделците почнуваат да ги расчистуваат нивите во пресрет на подготовките за пролетната сеидба.

Поединци ги палат стрништата и сувата вегетација како трева, жбунови и слично, а според СВР Тетово, тоа се прави најчесто без нивна непосредна контрола и на тој начин предизвикуваат помали пожари на отворен простор.

-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до земјоделците, но и до сите други да бидат крајно внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, најмногу ако времето е ветровито. Секторот веќе презема координирани превентивни и други мерки, кои во наредниот период уште повеќе ќе се интензивираат, со цел навреме да се пресретнат можните причини за пожари. Во наредниот период, исто така, координирано со други институции, ќе се засилат и секојдневните контроли на подрачјето, во функција на брзо откривање и ефикасно санкционирање на сите оние кои намерно или од невнимание предизвикуваат полски, шумски или други пожари, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, пренесува МИА.

Во вакви случаи земјоделците ризикуваат да се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци.

-Затворските казни за предизвикување пожар се движат од 3 до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици, објаснува Јосифоски.

Тетовската пожарна во 2021 година од вкупно 646 интервенции, од кои над 200 ги има направено на пожари што се случиле на шумски предели, обработливо земјиште и полски подрачја.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:стрништа
Претходен напис Цените на пченицата на светските берзи на највисоко ниво од 2012 година
Следен напис Конфликтот ги остава главните увозници на земјоделски култури особено ранливи, бидејќи Украина и Русија снабдуваат огромен број земји од Азија до Блискиот Исток и Африка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?