Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, како што започна на терен, така го продолжи трендот на средби со земјоделците и луѓето од земјоделската фела, учествувајќи и разговарајќи за актуелни состојби во македонскиот аграр, финализирање на започнати и најави за нови проекти.
Според објавите на социјалните мрежи денеска денот му беше исполнет со активности најнапред на Факултетот за земјоделски науки и храна, а потоа во селата Егри и Трн, каде што темата беше консолидација на земјоделското земјиште.

Иднината е во имплементирање на современи и иновативни технолошки решенија, земјоделскиот сектор мора да се осовременува и да биде поддржан со брз проток на информации.
На Факултетот за земјоделски науки и храна, денеска имав плодна и успешна средба со академската заедница и претставници на бизнис секторот.
Ја поздравувам и поддржувам идејата за проектот “Паметна специјализација” проект чија примена е овозможување преку нови технологии да создаваме поголема конкурентност на домашното производство, со што земјоделското производство ќе се модернизира и ќе се намалат производствените трошоци. #МЗШВ при креирање на сите развојни политики става силен акцент токму на младите земјоделски професионалци, преку вакви проекти, модерни решенија и иновации да бидат двигатели на развојот и да ги носат позитивните промени во општеството. Им благодарам на #СветскаБанка, #ГИЗ– Германско друштво за интернационална соработка, и Програмата за зголемување на пазарната вработливост #ИМЕ, за значајната поддршка за реализација на овој проект.

После 30 години, според Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO) сме лидери во регионот за консолидација.
Денеска сум во село Егри Битолско, лично да се уверам во првиот успешно завршен проект за консолидација во државата.Проку проектот на #МЗШВ што започна во март 2017 година со поддршка од
Европската Унија и #ФАО се заврши изградбата на 8.4 км нови канали за одводнување, 3 км нов систем за наводнување и 11 км нови тампонирани патишта во консолидационото подрачје.
Со консолидацијата во Егри бројот на парцели се намали за четири пати од 874 на 260, а вкупно 214 сопственици на парцели сега имаат правилни форми што им овозможува подобри земјоделски практики.
Продолжуваме со работа и носење на планови за окрупнување и изградба на инфраструктура во нови 9 македонски региони.#работа#ефикасност#резултати

Од #Егри доаѓам во село #Трн на средба со земјоделците, за да ги охрабрам на
25 февруари да гласаат позитивно за конечниот Нацрт предлог План за распределба на земјиштето, кој е усогласен со потребите на сите земјоделци. #МЗШВ во програмата за рурален развој за 2022 година предвидува ![]()
милиони денари за финансирање на инфраструктурата во Трн.
Сите ново формирани парцели во Трн ќе имаат пристап до пат и наводнување – со изградба на нови пристапни патишта, проблемот со одводнувањето ќе биде решен со новите инвестиции – ќе се рехабилитираат старите канали и ќе се изградат нови.Со подобрување на земјоделските практики, консолидација на земјиштето овозможува поголема ефикасност на производството и подобрување на животниот стандард во руралните средини.#ФАО#ЕУ

Денот заврши со средба со одгледувачите на овци на која се разговараше за нивните забелешки околу субвенциите и други мерки на Владата.

Фејсбук објави на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
