Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сурутката го забрзува гоењето на свињите и ја штеди количината на храна за гоење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Сурутката го забрзува гоењето на свињите и ја штеди количината на храна за гоење
Сточарско производство

Сурутката го забрзува гоењето на свињите и ја штеди количината на храна за гоење

Објавено 15/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гоењето/товот на свињи трае 6 месеци, а сурутката го забрзува гоењето и придонесува за заштеда на смесата за гоење – со што им носи поголема заработка на одгледувачите. Во колкава количина смеат да ја консумираат свињите? Сурутката е со ниска енергетска вредност и може да придонесе до четвртина од дневните потреби за енергија.

Сурутка во исхраната на свињите

Во исхраната на свињите, сурутката се користи за категории од 18 кг до крајот на гоењето. Не е погодна за помлади и полесни прасиња поради малиот капацитет на органите за варење, додека големите свињи можат да ја пијат во големи количини. Бидејќи е нискоенергетска (задоволува околу 25% од потребите), мора да се меша со пченка или со концентрати, вели дипл. инж. Ненад Вујиќ за Agroinfonet.

За да се обезбеди максимален прираст, свињите мора постојано да примаат сурутка, без прекин во исхраната, за да се избегне период на повторна адаптација. Бидејќи свињите претпочитаат влажна храна пред сува храна, најдобро е да се користи мешавина од сурутка со концентрат за гоење. Ова ги елиминира респираторните проблеми поради брашнестата храна, иако одделно може да се понуди и концентрат и сурутката за пиење.

Се постигнува значителна заштита на вода, бидејќи во текот на целото гоење вода воопшто не се користи, туку животните ја консумираат преку сурутка. Температурата на сурутка е исто така важна. За време на зимското гоење, важно е нејзината температура да биде околу 40 степени Целзиусови, за свињите да трошат што помалку храна на сопственото загревање. Свињите можат да пијат двојно повеќе сурутка од вода и да излачуваат големо количество урина, столицата е мека, се создава двојно повеќе измет, па затоа е неопходно да се одржува соодветна хигиена и да се зголеми вентилацијата, особено во лето.

Преминот од топла на ладна сурутка и обратно мора да биде постепен, бидејќи доаѓа до прејадување на свињите, а со тоа и зголемена смртност поради прекумерно производство на гас поради развој на бактерии од родот Clostridiae.

Со користење на сурутка во исхраната на свињите се постигнува значителна заштеда на смесата за гоење, како и намалување на должината на гоењето. Затоа, не постои значајна причина да не се применува овој начин на хранење на свињите, било во помалите рурални домаќинства или во индустриското одгледување доколку е достапна сурутка.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:Сурутка
Претходен напис (ФОТО) Привршуваат активностите за враќање на Сатеска во природното корито во делот од трасата низ Општина Дебрца
Следен напис За викендот температури до 19 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?