Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Драстичниот пад на цените на свинското месо во Кина има големо влијание на светскиот пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Драстичниот пад на цените на свинското месо во Кина има големо влијание на светскиот пазар
Пазари

Драстичниот пад на цените на свинското месо во Кина има големо влијание на светскиот пазар

Објавено 21/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заврши кинеската Нова година, позната и како Пролетен фестивал, а со тоа и побарувачката на свинско месо во Кина. Веднаш по 1 февруари, кога се одржа националниот празник, цените на живите свињи на терминскиот пазар во Далиан паднаа на 12.500 јуани по тон жива тежина (1.650 евра/т). Тоа е најниската вредност од претходното рекордно ниско ниво во септември минатата година, наведува Agararheute.

Во споредба со истиот период во 2021 година, тие се дури 60 отсто пониски, што ги загрижува големите тамошни компании кои одгледуваат свињи, кои инвестираа милијарди долари во големи погони, облакодери од 12 ката за одгледување на овие животни, а сега ги бројат загубите.

Влијание на светскиот пазар

Негативното влијание од ваквата состојба ќе се почувствува и на светскиот пазар, особено на оној во Европската Унија, кој бележи и пад на откупната цена на свињите и акумулација на залихи, а дополнително ќе го намали и увозот. Тоа е веќе ограничено со фактот дека Кина строго се заштитува од африканската свинска чума.

Фактот што Италија забрани бројни активности на отворено во два нејзини региони во февруари покажува колкаво влијание има врз земјите извознички, со цел да се спречи ширењето на инфекцијата и можна забрана за извоз. А кога болеста се појави во Германија во 2020 година, Кина го забрани увозот на свинско месо од таа земја, што доведе до големи турбуленции на пазарот.

Ги „билдаат“ државните резерви

Бидејќи кинеското производство на свинско месо нагло закрепна по Африканската свинска чума, а понудата продолжи да расте, треба да се очекува дека цените ќе продолжат да паѓаат дури и по Пролетниот фестивал. Тамошните власти на 8 февруари соопштија дека собираат резерви од свинско месо за државните резерви.

Во 2020 година во Кина се произведени околу 41,13 милиони тони свинско месо, што е мало намалување во однос на околу 42,6 милиони тони во 2021 година, наведува Statista. Свинското месо сочинува околу 56 отсто од целата кинеска месна индустрија. Тоа е убедливо најпопуларниот и најконсумираниот вид на месо во исхраната. Домашната потрошувачка по жител во просек надминува 30 килограми.

Може да ви се допадне

Кина и САД постигнаа прелиминарен договор за намалување на царините и трговија
Кина очекува поплави и суша во 2026 година
Во Кина роботите ги заменија и сообраќајните полицајци
Кина возвраќа удар: Воведуваат царини за млечни производи од ЕУ
Кина троши 500 милиони литри флаширано вино годишно, ние произведуваме 50, има можности за соработка
Таг:кина
Претходен напис Времето денеска сончево и топло, од утре дожд и пад на температурата
Следен напис Корнишони – Производство и основи на одгледување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?