Денеска се доделени средствата за мерката 7 од ИПАРД 2 програмата „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“, за која на последниот јавен повик беа одобрени 110 барања.
„Честитки до сите апликанти, добитници на финансиска поддршка за мерката 7 од ИПАРД 2 програмата „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.
Особено ми е драго што Европската комисија ја препознава нашата посветеност, и работа. Доказ за тоа е и зголемената поддршка, конкретно за оваа мерка од 9.6 милиони евра на 13.5 милиони евра, со цел нови, побројни инвестиции кои ќе придонесат за модерно, развиено, европско земјоделство.
На последниот јавен повик, за Мерка 7 се одобрени 110 барања.
Преку успешни мерки и политики ги мотивираме земјоделците да ги користат ИПАРД европските фондови, поттикнуваме развој на малите и средните претпријатија, и го позиционираме земјоделството како една од клучните гранки на кои ќе го темелиме идниот економски раст.“, стои во објавата на министерот Николовски.


