Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Николовски: Во рок од две недели повиците за земја ќе бидат обновени и ќе бидат прoширени за повеќе региони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Николовски: Во рок од две недели повиците за земја ќе бидат обновени и ќе бидат прoширени за повеќе региони
Агровести

Министерот Николовски: Во рок од две недели повиците за земја ќе бидат обновени и ќе бидат прoширени за повеќе региони

Објавено 12/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во интервју за МИА министерот за земјоделство Љупчо Николовски одговара и на прашањето околу поништените договори за земја и за промените во земјишната политика.

За средување на земјишната политика имаме пет милиони евра. Преку проектот за модернизација на Светска банка што како концепт го правевме во 2017 и 2018 година, обезбедени се пет милиони евра. Со тие средства земјишната политика ја средуваме еднаш засекогаш. Што значи тоа? Може да значи и формирање нова агенција за земјишна политика, зашто е неопходно системско институционално поврзување на Министертсвото со Агенцијата за катастар, со Платежната агенција, за на телефон, преку апликација, да ги имаме сите податоци и информации, вклучувајќи почвени карти и ортофото снимки.

Мислам дека постапките во овој сегмент се најзаостанати. Тој дел најавувам дека вистински ќе го реновираме.

До крајот на февруари ќе се направи преглед на сите склучени договори и на целокупното слободно земјоделско земјиште. Во вторникот беше задолжен Државниот инспекторат за земјоделство да направи контроли по основ на сите повици, огласи и склучени договори во претходниот период. Ги сублимираме и сите предлози за измени на легислативата во овој поглед.

На ВМРО-ДПМНЕ на некој начин и е криво што земјоделското земјиште оди кај вистинските земјоделци, што им излегуваме во пресрет на сточарите или на другите категории кои сакаат да вложуваат во млекарници, преработувачки капацитети, откупни центри, кои се успешни. Всушност, им излегуваме во пресрет и на малите земјоделци преку јавните повици.

На последните огласи за доделување земјоделско земјиште се достигнати цени како никогаш досега. Неколку пати се зголемени и сега, за новите огласи кои би ги имале годинава, се зема просекот од последните три години.

Од ВМРО-ДПМНЕ имаше реакции на поништувањето на двата јавни повика пред да станам министер. Јас целосно ја оправдувам таа постапка зашто прво, беа констатирани неправилности, има кривични пријави, а целиот материјал е доказен во соодветни постапки на институциите. И кога тие покренале постапки од различни причини за тоа како комисиите и луѓето кои се во комисиите ги вршеле постапките, ние немаме друг избор, освен да ги поништиме и да бидат повторени. Земјоделците нема да бидат оштетени, туку напротив, најавувам дека во рок од две недели овие повици ќе бидат обновени и ќе бидат прoширени за повеќе региони.

Контроли за користењето на даденото земјоделско земјиште постојано се вршат. Секаде каде што ќе се воочат неправилности и се стигнати предлози за раскинување на договори, ние тоа сме го направиле. Од 2017 до 2019 година се раскинати договори за неколку илјади хектари.

Последната недела се склучени 900 договори за доделување земјоделско земјиште.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјаземјоделцимзшврегиони
Претходен напис Николовски за МИА: Годинава најмалку 205 милиони евра вкупна поддршка во земјоделството
Следен напис Поддршка од 10 000 евра за опрема, за консултантски и енолошки услуги за малите винарии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?