Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерството за земјоделство подготвува нов закон за пасишта – Актуелниот Закон не е сменет 24 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерството за земјоделство подготвува нов закон за пасишта – Актуелниот Закон не е сменет 24 години
Агровести

Министерството за земјоделство подготвува нов закон за пасишта – Актуелниот Закон не е сменет 24 години

Објавено 10/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува нов закон за пасишта. Веќе се изработени два драфт предлога од кои треба да произлезе конечното решение.

Драфт верзиите ќе се разгледуваат следната недела, за што е веќе формирана работна група.

Како што вели министерот Љупчо Николовски во интервју за МИА, земјава располага со околу 500.000 хектари пасишта, но од нив се искористени многу мал процент. Државата ниту наплаќа, ниту пасиштата се ставени во функција. Актуелниот Закон, пак, кој ја регулира оваа материја, датира од 1998 година.

-Ние имаме Закон за пасишта од 1998 година. Затоа, паралелно со другите нови, европски закони, работиме и на концептот за законот за пасишта. Има две драфт верзии. Формирана е работна група и следната недела ќе ги презентираме, ќе ги разгледаме и ќе треба да одбереме. Станува збор за 500.000 хектари површина во државата. Не може да не ги користиме тие површини. Засега се искористени неколку проценти од 100 отсто од пасиштата. Државата ниту наплаќа, ниту пасиштата се ставени во функција. Тука има некој судир – дека некој ќе биде оштетен, дека ќе се бунат сточарите или некој друг. Јас го чувствувам интересот кај луѓето за да ги добијат пасиштата во високопланинските средини, да инвестираат, да произведуваат храна. Но, сега не можат ниту да склучат договор, ниту може да добијат поддршка, ниту можат да добијат пари од ИПАРД, ниту можат да инвестираат сопствени средства. Тој процес навистина треба да се среди, да биде отворен и транспарентен, истакнува Николовски.

Според него, за 500.000 хектари пасишта, земјава треба да добие европски субвенции во иднина, но мора да има закон.

– Клучно е да ги дефинираме постапките – што правиме со пасиштата. Тоа ни треба и од аспект на ЕУ зашто таму субвенциите ќе ги добивме по површина. Ние, за 500.000 хектари пасишта, треба да добиме европски субвенции како држава ама треба да имаме закон – дециден е Николовски.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:закон за пасишта
Претходен напис Времето денеска ќе биде сончево и потопло
Следен напис Вински музеј Кавадарци со тридневни активности по повод „Свети Трифун“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?