Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за овошните и лозовите насади за 2022 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за овошните и лозовите насади за 2022 година
Субвенции

Висина на субвенциите за овошните и лозовите насади за 2022 година

Објавено 09/02/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година што се однесува за овошните и лозовите насади.

1.7. Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади збирно за сите овошни видови и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Прифатлив минимален број на овошки по хектар за секој овошен вид одделно е даден во Табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови во Прилог 4 кој е составен дел на оваа уредба;

-Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар;

-Висината на директните плаќања од алинеја 3 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа за секој вид одделно: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60%, и над 30 ха 30%.

1.8. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7. по обработлива земјоделска површина за одделни овошни видови

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболко, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина,
боровинка, дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем, лешник, ореви и питоми костени, кои се корисници од подмерка 1.7 од оваа уредба и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Висината на директните плаќања изнесува 29.000 денари по хектар, односно 38.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари за јаболко;

-Висината на директните плаќања изнесува 24.000 денари по хектар, односно 30.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари за: слива и праска;

-Висината на директните плаќања изнесува 21.000 денари по хектар, односно 27.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари за: круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина и боровинка;

-Висината на директните плаќања изнесува 13.000 денари по хектар, односно 18.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка до минимум 1 хектар и максимум 5 хектари за: дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем и лешник;

-Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по хектар, односно 6.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари за: ореви и питоми костени;

-Висината на директните плаќања од алинеите 2, 3, 4, 5 и 6 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа збирно за сите овошни видови: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха
60%, и над 30 ха 30%.

1.9. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7. за овошни култури предадени во преработувачки капацитети

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и кои се корисници од подмерка 1.7. на оваа уредба, оствареното производство на овошје да е предадено во преработувачки капацитети за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм;

-Максимални приноси на одделни овошни култури за реализација на оваа подмерка се дадени во Прилог 7 кој е составен дел на оваа уредба.

1.10. Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Минималната површина под лозови насади е 0,2 ха, а минималниот потребен број на садници е 1.389 садници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2021 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 40.000 денари по хектар односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 10 хектари;

-Висината на поддршката од алинеја 3 од оваа мерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% збирно за сите сорти.

1.13. Директни плаќања за производство на домашен лозов и овошен саден материјал

-Корисници на оваа подмерка се правни лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал кои имаат произведен лозов и/или овошен саден материјал во 2022 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифициран саден материјал;

-Произведени и продадени домашни лозови и/или овошни садници најдоцна до 30 април 2023 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 30 денари по лозов и 35 денари по овошен садник од категоријата САС (стандарден) саден материјал за произведени и продадени садници;

-Висината на директните плаќања изнесува 35 денари по лозов и 40 денари по овошен садник од повисока категорија на сертифициран саден материјал за произведени и продадени садници.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:лозоцви насадиовошни насадисубвенции
Претходен напис Јасмина се занимава со пчеларство, и користејќи ги ИПАРД мерките и мерката за “Рурална жена” го модернизира своето производство
Следен напис Висина на субвенции за тутун за 2022 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?