Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година што се однесува за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.
1.4. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со следниве градинарски култури: домати, пиперка, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици, цвеќе и засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија и за одржување на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија;
-Минимум 0,2 ха засеана површина збирно за сите култури;
-Висината на директните плаќања за домат, краставица, пиперка, компир, цвеќе, зелка, кељ, кромид, лук, праз, зелена салата, брокула, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, цвекло, тиквички, пашканат, изнесува 30.000 денари по хектар, односно 36.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектари до максимум 5 хектари, а за лубеница, диња, тиква изнесува 6.000 денари по хектар, односно 6.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со површина од минимум 1,5 хектар до максимум 5 хектари;
-Висината на директните плаќања за грав, корнишони, спанаќ, боранија, грашок, аспарагус, ротквици и засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија и за одржување на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија изнесува 10.000 денари по хектар, односно 12.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектари до максимум 5 хектари;
-Висината на поддршката од алинеја 4 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 50 ха 60%, од 50 ха до 100 ха 30% и над 100 ха 10% збирно за сите градинарски култури;
-Листата на засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија кои се предмет на директни плаќања за алинеја 3 од оваа подмерка е дадена во Прилог 2 кој е составен дел на оваа уредба;
-Листата на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија кои се предмет на директни плаќања за алинеја 4 од оваа подмерка е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на оваа уредба.
1.5. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за производство под контролирани услови на домати, пиперки и краставици
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства производители на домати, пиперки и краставици во затворени простории под контролирани услови и се корисници од подмерка 1.4. на оваа уредба;
-Висината на директните плаќања изнесува 120.000 денари по хектар за производство во контролирани услови и производството да е продадено на домашен пазар или остварен извоз во период од 1 јануари до 15 мај 2022 година во следните минимални количини:
-за оранжерии кои се загреваат: домати 50.000 килограми по хектар, пиперки 30.000 килограми по хектар, и краставици 80.000 килограми по хектар и
-за пластеници кои се загреваат: домати 20.000 килограми по хектар, пиперки 15.000 килограми по хектар и краставици 32.000 килограми по хектар;
-Максималните приноси на одделните градинарски култури за реализација на оваа подмерка се дадени во Прилог 6 кој е составен дел на оваа уредба.
1.6. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници од подмерка 1.4. на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури;
-Максималните приноси на одделните градинарски култури за реализација на оваа подмерка се дадени во Прилог 6 на оваа уредба.
1.14. Директни плаќања за производство на сертифициран посадочен материјал за градинарски производи и цветни култури
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на саден материјал со минималниот производен капацитет од 50.000 млади растенија годишно со сертификат за конечено сертифицирање, материјал за размножување и саден материјал-расад од градинарски растенија и цветни култури и кои имаат произведен и продаден посадочен материјал за градинарски производи и цветни култури на домашен пазар во 2022 година;
-Цветните култури кои се предмет на директни плаќања за оваа подмерка се дадени во Листа на цветни култури во Прилог 5 кој се составен дел на оваа уредба;
-Висината на директните плаќања изнесува 2 денари по продадено младо растение.
1.15. Директни плаќања за производство на млади растенија од цвеќе во инвитро услови
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистар на снабдувачи на саден материјал кои имаат произведено и продадено младо растение од родот Орхидеи вид Phalaenopsis во инвитро услови во период од 1 јануари до 15 мај 2022 година;
-Висината на директните плаќања изнесува 10 денари по продадено младо растение кое е произведено во инвитро услови со микро размножување и користење на хранливи агарски подлоги кои имаат желатинска структура во соодветни санитарни услови;
-Максимален број на млади растенија е 615.000 по корисник.
Прилог 6
Максимални приноси на одделни градинарски култури

