Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Од 1 јануари 2020 досега регистрирани поголем број производители на вино отколку во претходните 30 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Од 1 јануари 2020 досега регистрирани поголем број производители на вино отколку во претходните 30 години
Агровести

Николовски: Од 1 јануари 2020 досега регистрирани поголем број производители на вино отколку во претходните 30 години

Објавено 10/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 1 јануари 2020 година во земјава се регистрирани вкупно 68 микро винарии. Согласно новата Пргограма за поддршка што беше усвоена на владината седница, тие ќе можат да бараат грантови од 10.000 евра за опрема и за консултантски, енолошки услуги.

Според министерот за земојделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Програмата за малите винарии се креира прв пат и моментно „тежи“ пет милиони денари. Но, интенцијата е да се обезбедат средства и да се поддржат сите апликанти кои ќе достават комплетни барања.

Во интервју за МИА, Николовски најавува и нов закон за вино, по европски терк, како и уште две нови програми – за поддршка и грантови на сите семејни производители на производи од животинско и неживотинско потекло.

-Во март ќе го завршиме новиот закон за вино, проект почнат пред три години. Се работи за сосема нов, европски закон кој ќе биде готов наредниот месец. Инаку, веќе имаме 68 винарии регистрирани од 1 јануари 2020 година – концепт што беше многу оспоруван, а „големите“ сакаа да не се случи и го кочеле во изминатиот период. Но, ете, се случи. Всушност, од 1 јануари 2020 година имаме регистрирано поголем број производители на вино отколку во сите 30 години претходно. Тоа значи ставање на располагање на сите капацитети и ресурси, либерализација и поттик на сите што сакаат да се занимаваат со семејни бизниси, бутик винарии. Владата вчера ја усвои Програмата за мали винарии – грантови од 10.000 евра за сите што сакат да инвестираат во опрема, капацитети. Овие грантови опфаќаат и ангажирање енолози, нагласува Николовски.

Тој смета дека е потребна поддршка не само за регистрираните мали винарии, туку и за другите семејни производители.

-Навистина сметам дека е потребна поддршка на сите регистрирани и винарии и други мали семејни производители. Треба да пратиме порака дека нивната бројка ќе расте. Во овој контекст, сакам да најавам уште две нови програми – за поддршка и грантови на сите семејни производители на производи од животинско и неживотинско потекло, на оние на кои им овозможивме да продаваат од куќен праг. Тие ќе аплицираат преку посебни програми, потенцира министерот.

Министерот најавува изградба на три откупни центри и уште еднаш порачува дека за политикантство во земјоделството веќе нема место и дека е крајно време за сериозни реформи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винопроизводители
Претходен напис Крушево најавува богато авантуристичко лето со светски натпреварувачи
Следен напис Производители доставуваат мостри за натпреварот за најдобри вина и ракии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?