Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европа е најтешко погодена од намалувањето на производството на вештачки ѓубрива
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европа е најтешко погодена од намалувањето на производството на вештачки ѓубрива
Агровести

Европа е најтешко погодена од намалувањето на производството на вештачки ѓубрива

Објавено 09/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците се соочуваат со огромен пораст на производствените трошоци и се обидуваат да најдат излез од оваа ситуација.

Цените на ѓубривата во Европа се превисоки, што ќе резултира со нови финансиски трошоци за производителите, а веќе влијае и на цената на храната во светот.

Рекордни нивоа

„Европа е најтешко погодена од намалувањето на производството на вештачки ѓубрива како резултат на зголемувањето на цените на природниот гас. Цените на минералните останаа на рекордно ниво дури и кога цените на уреата паднаа во Северна Америка“, се вели во извештајот на аналитичарите на Блумберг, кои за пример ја посочуваат Унгарија каде што употребата на азотни ѓубривата оваа сезона ќе падне за околу 30 до 40 отсто.

Се предвидува дека нашиот континент во првиот дел од годината ќе се соочи со дефицит од 9 отсто од годишните потреби за овој вид ѓубрива.

„Додека европските земјоделци се подготвуваат да применуваат прихрана на нивните полиња по зимата, високите цени на нутритирнтите не им оставаат друг избор освен да ги користат помалку и да се обидат да ги намалат трошоците“, се вели во извештајот.

„За одгледувачите на основни намирници како пченка и пченица, ова е првпат да се соочат со вистинска криза предизвикана од недостиг на енергија, извозни ограничувања и трговски санкции“, истакнуваат аналитичарите на ВТБ Капитал, пренесува Agrarheute со напомена дека купувањето на ѓубриво и агрохемикалии потребни за зимските култури кои сега излегуваат од состојба на мирување чини многу повеќе. „Дополнителните трошоци би можеле негативно да влијаат на пролетната сеидба, која сочинува околу една третина од производството на житарки во Европа.

Европските фабрики поради високите цени на природниот гас или го намалуваат производството или го прекинуваат. Ова ќе доведе до дополнително намалено снабдување со ѓубрива. Дополнително, нивната цена, како и цената на гасот ја зголемува кризата меѓу Русија и Украина.

Од компанијата Yara Fertilizers, како најголем европски производител на азотни ѓубрива, изјавуваат дека рекордно високите цени на природниот гас во Европа сериозно влијаат на маржите за производство на амонијак и дека морале да го намалат обемот на производство во нивните погони. Проблем се и санкциите против Белорусија.

Трошоците за инпути за земјоделците во САД исто така драстично пораснаа, а голем проблем е производството на пченка, во чие производство земјата глобално е на прво место. Поради големата потреба на оваа култура од минерални ѓубрива, голем број производители планираат да ја намалат нејзината количина или да одгледуваат други култури, пред се соја. Истата ситуација е во Јужна Америка, првенствено Бразил и други делови од светот.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:вештачки ѓубрива
Претходен напис Високите цени на маслодајната репка доведоа до рекорд во засеаните површини
Следен напис Германска компанија произведе нова сорта на кромид, „сунион“, кој не предизвикува солзење на очите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?