Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Дијалогот вроди со плод! Од март, околу 80.000 мои, ваши сограѓани ќе добијат минимална плата од 18.000 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Дијалогот вроди со плод! Од март, околу 80.000 мои, ваши сограѓани ќе добијат минимална плата од 18.000 денари
Агровести

Битиќи: Дијалогот вроди со плод! Од март, околу 80.000 мои, ваши сограѓани ќе добијат минимална плата од 18.000 денари

Објавено 07/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

13% од вработените во нашата земја земаат минимална плата, со ова покачување им помагаме да се извлечат од прагот на сиромаштија. Европскиот стандард на луѓе кои примаат минимална плата е 3% од вкупниот број на вработени, и кон тој стандард треба да се приближуваме и да работиме.

Со ова покачување, уделот на минималната плата во просечната плата е 62%, што е највисок просек во Европа и поголем од барањето на Синдикатите. Најголемиот процент во Европа, на удел на минималната плата во просечната, е во Франција и тој изнесува 50%. Во март, граѓаните е добијат минимална плата од 18.000 денари. Како што ветивме. Владата ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината, а по дејности над 90% од оние кои ќе бидат поддржани се микро и мали компании.

Ова е солидарно решение со кое им се излегува пресрет и на граѓаните и на стопанството. Важно ни е да имаме задоволни работници, кои ќе ги задржиме тука, дома. Но и здраво стопанство кое може да понесе напред, кон развој.

Веќе кажавме дека старата методологија за усогласување не ги носи очекуваните резултати и на денешниот состанок предложуваме нова, со која минималната плата ќе се формира како:

– 50% од порастот на на просечната плата, и

– 50% од процентот на индексот на живот,

– Со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57% што ќе обезбедува достоинствено и одржливо покачување на стандардот на долг рок.

Им благодарам на нашите социјални партнери на продуктивната дискусија која не донесе до заедничко решение. Демократските вредности се градат токму вака.

Фејсбук статус на Фатмир Битиќи – Вицепремиер задолжен за економските ресори

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економски советметодологијаминимална платаработницистопанство
Претходен напис Ковачевски: Постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите за 18.000 денари минимална плата
Следен напис Времето денеска променливо облачно и студено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?