Сточарот Александар Мачевски во чиј дом беше снимено видео поради кое здружението „Анима Мунди” излезе со обвинување за малтретирање на животно, утре е повикан на распит во полицијата.
Информацијата ја потврди самиот сточар кој денеска во обраќање до јавноста истакна дека здружението со објавата на видео снимката на својот фејсбук профил и тврдењето дека намерно малтретираат животно, го загрозил угледот на семејството Мачевски, кое со сточарство се занимава од 2006 година.
Од 2006 година до ден денеска, јас кога ги продавам јагнињата како традиција организирам прослава. Таа традиција продолжи и во петокот кога ги продадов јагнињата за што ги поканив луѓето кои ми помогнаа да ги товарам јагнињата за продажба. Лично беше поканет како роднина и инспекторот, за да се почестиме што успешно ги продадовме јагнињата. Како дел од традицијата на крајот се свири песната „Изгубено јагне”, татко ми го зема јагнето од шталата го носи врзано на масата, се свири песната, завршува песната и јагнето се враќа во шталата и толку тоа трае адетот 2 минути. И потоа почнаа критики видеото го објави Анима Мунди, презедоа многу портали и имаше многу навреди, вели Мачевски.
