Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ниските температури засега нема да предизвикаат измрзнување на овошните насади во Пијанечко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ниските температури засега нема да предизвикаат измрзнување на овошните насади во Пијанечко
Агровести

Ниските температури засега нема да предизвикаат измрзнување на овошните насади во Пијанечко

Објавено 04/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ниските температури кои засега се движат до -9 степени Целзиусови не можат да предизвикаат поголеми штети кај овошните насади. Штета, како што велат агрономите од Пијанечко, може да настане доколку минусните температури надминат 20 степени, што засега според најавите на метеоролозите е малку веројатно.

-Најмногу од ниските температури, страдаат младите насади кои сѐ уште немаат формирано длабок корен. Кај таквите насади може да се предизвика дехидрирање на стеблото. Сепак засега не може да се зборува за штети од студот, бидејќи тоа ќе се знае кога дрвјата ќе почнат да „вегетираат”, велат агрономите.

Во Делчевско во последните 30 години, не се забележани поголеми измрзнувања во овој период од годината. Делчевскиот агроном Неџбедин Мемедов во повеќе наврати има споменато дека најголемите штети во овој регион имало во далечната 1985 година, кога од ниските температури настрадале илјадници стебла од јаболка во Делчевско, кои потоа биле искорнати.

Агрономите сепак препорачуваат задолжително следење на препораките, со цел да не дојде до несакани последици.

-За овоштарите најважно е есенското заорување со арско ѓубре. Доколку тоа е направено, коренот е спасен од измрзнување, додаваат вработени во Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.

Во Пијанечкиот регион годишно се садат од 500 до 1.000 хектари со модра слива, која е најзастапено овошје во последните 20 години.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Делчевскоизмрзнување
Претходен напис Министерот за земјоделство на Северна Ирска издаде наредба за итно запирање на сите контроли на прехранбени производи кои доаѓаат од Велика Британија
Следен напис Шапуриќ: Дневна просечна цена за 1 февруари изнесуваше 220,4 денари за килограм тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?