Новата студија на научниците од Универзитетот во Калифорнија, открива дека кога пчелите постојано се изложуваат на некои пестициди, тоа може да има адитивен ефект, кој се влошува со секоја наредна изложеност. А за да се поправи таквата штета – можеби ќе биде неопходно да се заменат неколку генерации пчели.
Оваа студија се заснова на двегодишен експеримент. Таа следела еден вид пчела, сина овошна пчела, која потекнува од Северна Америка. Овој вид е важен опрашувач на земјоделските производи, особено овошјето како јаболка, круши, праски и сливи. Сината пчела, покрај нејзината корист како опрашувач на овошни дрвја, е од витално значење и за опрашување на домашните растенија што не се јадат.
Студијата ги проучувала репродуктивните ефекти од изложеноста на пестицидот имидаклоприд, кој е исклучително популарен како третман за посеви и дрвја. Важно е да се напомене дека не е штетен за птиците, но е фатален за инсектите бидејќи влијае на нивниот нервен систем.
Она што е особено интересно овде е тоа што студијата ги мери ефектите од изложеноста на имидаклоприд врз пчелите додека се во стадиум на ларва, како и кога се возрасни. Биле споредени ефектите за секој од овие периоди.
Резултати – Пчелите закрепнуваат дури по неколку генерации!
Резултатите од студијата се следни. Женските пчели, изложени на пестицидот како ларви, имале пад на бројот на потомци за 20 проценти. Но, кога биле подоцна изложени, како возрасни, истите веќе изложени пчели покажале вкупен пад од 44 отсто помалку потомци. Тоа укажува дека ефектите се адитивни, т.е. дека секоја следна генерација трпи поголема штета.
Се разбира, нема посебна причина да се претпостави дека пчелите кои некогаш биле изложени на штетен пестицид никогаш повеќе нема да бидат изложени. Можеби е уште поверојатно одредени пчели да бидат изложени повеќе од еднаш.
Имидаклоприд е доста растворлив во вода, што помага да се спречи задржувањето на хемикалиите на едно место, но се чини дека има прилично долга стабилност во почвата, според оваа студија.
Како што се зголемуваат ефектите од повеќекратната изложеност, вкупните ефекти врз популацијата на пчелните колонии може да бидат поразителни. Според истражувачите, може да бидат потребни неколку генерации за да се опорават.
Покрај тоа, овој вид пчели веќе страда од недостиг на ресурси за храна, со сѐ помалку полски цвеќиња од кои можат да се хранат. Сигурно е дека многу пестициди што луѓето ги користат прават дополнителни, тешки штети кои тешко можат да се поправат.
