На првиот работен состанок на Работната група за економија, трговија и иновации помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, работната група во делот на соработката во земјоделскиот сектор, се обврза да работи интензивно на реализација на активностите предвидени со Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство на Република Бугарија:
-Имплементација на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ;
-Земјоделските науки;
– Шумарство и Ловство;
-Органско производство и преработка на органски земјоделски производи;
-Биотехнологии во полјоделството и во сточарството;
-Селекција и репродукција во сточарството;
– Транснационална соработка во руралната област и други области од заеднички интерес.

Освен административна соработка, двете министерства ќе разменуваат научни и технички информации и експертски искуства во доменот на земјоделството, ќе организираат семинари и обуки, ќе работат на имплементација на заеднички истражувачки програми во земјоделството и земјоделските науки.
Директните контакти на економските оператори, на земјоделските задруги и на здруженијата на земјоделците од двете земји ќе придонесат за зголемување на асортиманот на земјоделски и прехранбени производи на пазарите на двете земји, објави на својот фејсбук-профил Трајан Димковски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
