Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Развојна банка на Северна Македонија ја заврши 2021 година со двоцифрен раст на портфолиото и позитивни резултати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Развојна банка на Северна Македонија ја заврши 2021 година со двоцифрен раст на портфолиото и позитивни резултати
АгровестиАгросектор

Развојна банка на Северна Македонија ја заврши 2021 година со двоцифрен раст на портфолиото и позитивни резултати

Објавено 29/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената криза, и во 2021 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ), како единствена развојна банка во целосна државна сопственост оствари позитивни резултати, ставајќи го притоа целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата.

Во однос на претходната година, вкупната актива на Банката е зголемена за 21% и изнесува 16,1 милијарда денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 19%, на портфолиото од кредитното осигурување од 38% и на факторингот од 11%.

Оваа година, активностите на Банката беа во знакот на воведување на нови производи како царински гаранции и кредитно-гарантната шема која се реализира преку Гарантниот фонд, во име и за сметка на државата. Се изврши повлекување и пласман на првите две транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 59,1 милиони евра по исклучително поволни услови за стопанството. Во целост се реализираше третата бескаматна кредитна линија со грант компонента – ,,Ковид 3”, финансирана со средства од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА II програмата и Владата на РСМ, во вкупна вредност од 31 милион евра.

Банката оствари позитивен нето-финансиски резултат од 39,6 милиони денари, што е 25% зголемување во однос на остварениот резултат во 2020 година. Согласно Законот, остварената добивка се распределува во резервите на Банката со што, се зајакнува потенцијалот за понатамошна поддршка на реалниот сектор во земјата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2021кредитиполитикиразвојна банкарезултати
Претходен напис Бектеши: Предложивме цените на основните прехранбени производи да бидат замрзнати до крајот на февруари
Следен напис Николовски во Кочани: Продолжуваме силно да го поддржуваме производството на ориз, високи субвенции, нови мобилни сушари, помош при набавка на ѓубрива…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?