Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Љупчо Николовски утре во посета на Белград
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Љупчо Николовски утре во посета на Белград
Агровести

Министерот Љупчо Николовски утре во посета на Белград

Објавено 26/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски утре ќе престојува во посета на Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, повикувајќи се на соопштение од српското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски заедно со колегите од Албанија, Фрида Крисца и Република Српска, Борис Пашалиќ, ќе присуствува на отворањето на третиот Меѓународен саем за овошје, зеленчук и лозарство „Агро Белград“, што ќе го отвори српскиот ресорен министер Бранислав Недимовиќ.

„Агро Белград“ ќе се одржи на Белградскиот саем од 27 до 29 јануари и на него ќе се претстават 500 изложувачи од Србија и светот и пет делегации на високо ниво, а ќе бидат организирани и бројни стручни собири. Меѓу излагачите има и компании од Италија, Шпанија, Холандија, Швајцарија и Германија.

Во текот на трите дена од настанот, ќе се организираат стручни конференции и состаноци на кои, меѓу другото, ќе се разговара за стандардите во производството на овошје и зеленчук, иднината на производството на бобинки, транспорт на овошје и зеленчук во контејнери за ладење, револвинг фондовите за финансирање, прецизното наводнување, модернизација на винарството, производство и преработка на лековити и ароматични растенија во Србија.

За време на Саемот ќе се организираат и средби на странски и српски купувачи со производители на овошје и зеленчук во свежа, замрзната и преработена состојба, а ќе бидат претставени и најсовремените технички достигнувања, каде што ќе може да се видат водечките светски брендови на трактори и механизација, системи за наводнување и противградни системи, беспилотни летала и друга современа опрема. об/сп/

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:белград
Претходен напис (Видео) Тринаесетгодишниот Ибрахим сонува за трактор и сака да биде земјоделец
Следен напис Николовски: Рокот за јавниот повик за субвенционирана набавка на системи за наводнување, ќе се продолжи за 15 дена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?