Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голем интерес кај тиквешките земјоделци за инсталирање „капка по капка“ со државна помош
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голем интерес кај тиквешките земјоделци за инсталирање „капка по капка“ со државна помош
Агровести

Голем интерес кај тиквешките земјоделци за инсталирање „капка по капка“ со државна помош

Објавено 26/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Има интерес кај тиквешките земјоделци за инсталирање систем „капка по капка“ со државна помош, велат од подрачните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци и Неготино.

Засега, триесетина земјоделци од Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија, искажале заинтересираност за ваков вид земјоделско субвенционирање.

– Во тек е аплицирањето за кофинансирање при набавка и поставување вакви системи за наводнување на земјоделските имоти. Се работи за Национална програма за рурален развој, изјави за МИА Драган Николов, советник во кавадаречката Подрачна единица на Агенцијата.

Раководителот на неготинската подрачна единица, Ѓорѓи Ајтов информираше дека на земјоделците на кои ќе им бидат прифатени апликациите, државата ќе им кофинансира педесет проценти од вредноста на опремата што ќе биде купена и инсталирана.

– За земјоделци од 18 до 40 години, државното кофинансирање е поголемо и изнесува 55 отсто од инвестицијата, рече Ајтов и додаде дека со ова се стимулираат земјоделците да постават системи капка по капка во своите земјоделски имоти. Ајтов рече дека тоа ќе им олесни во наводнувањето и прихранувањето на земјоделските култури, но и ќе значи заштеда на вода за наводнување.

Николов и Ајтов нагласија дека рокот за аплицирање е до утре и ги повикаа сите заинтересирани да се пријават и да добијат ваков вид државна субвенција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:интерескапка по капка
Претходен напис Општина Кисела Вода гради самоодржлив парк на местото каде што постоеше дива депонија
Следен напис (Видео) Тринаесетгодишниот Ибрахим сонува за трактор и сака да биде земјоделец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?