Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Расте бројот на фарми заразени со птичји грип во Холандија – Ќе бидат усмртени 220.000 бројлери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Расте бројот на фарми заразени со птичји грип во Холандија – Ќе бидат усмртени 220.000 бројлери
Агровести

Расте бројот на фарми заразени со птичји грип во Холандија – Ќе бидат усмртени 220.000 бројлери

Објавено 25/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Холандија има сѐ поголем број фарми на кои живината се заразила со многу заразниот сој на птичји грип. Министерството за земјоделство вчера соопшти дека во провинцијата Норд Холанд, на северот на земјата ќе треба да бидат убиени околу 170.000 кокошки. Околните живинарски компании во областа ќе бидат затворени додека не се спроведат тестови за вирусот Х5Н1 за да се утврди дали тој се проширил.

Само неколку часа подоцна беше објавено дека вирусот избувнал на друга фарма, но во јужната провинција Норд Брабант, каде што ќе бидат убиени околу 46.000 кокошки.

Заразени повеќе од 1,2 милиони птици

Вкупниот број на убиени птици од почетокот на епидемијата во Холандија надминува 1,2 милиони, пренесува Dutchnews. Досега болеста е идентификувана на 18 фарми.

За прв пат беше откриен во октомври минатата година, а му претходеа извештаи за зголемување на угинати диви птици.

Се преземаат мерки за спречување на ширењето на болеста, што подразбира задржување на целата живина во затворен простор. Строги ограничувања има и за нивниот транспорт, но и за ракување со отпадот што го произведуваат.

По глава на жител годишно јадат по 23 килограми

Според порталот Статиста, меѓу 2010 и 2020 година, производството на живина во Холандија се зголемило, достигнувајќи 1,12 милиони тони во 2020 година. Таа година, нешто помалку од 640 компании одгледувале бројлери, а заедно држеле околу 50 милиони едински. Во последната деценија живинарската индустрија во Холандија значително порасна. Но, бројот на компании се намали, а останатите презедоа повеќе животни по фарма.

Сепак, се предвидува дека производството ќе стагнира и ќе достигне нешто повеќе од еден милион тони во 2025 година.

Месото од живина е второ најпопуларно во Холандија, по свинското. Во 2019 година, потрошувачката по жител била нешто помала од 23 килограми, што е повеќе од потрошувачката на говедско, телешко, овчо, козјо и коњско месо заедно. Потрошувачката на свинско месо била околу 37 килограми по човек годишно. Вкупно, Холанѓаните консумирале околу 78 килограми месо по глава на жител во 2019 година.

Според Евростат, најголемото производство на пилешко месо е во Полска и изнесува 2,7 милиони тони и сочинува 19 отсто од вкупното производство на ЕУ. Потоа следат Шпанија (12,6%), Франција (12,3%), Германија (11,9%) и Италија 10,2%), пренесува Agroklub.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Птичји грипХоландија
Претходен напис (Видео) Полските научници осмислиле звучен топ за прочистување на воздухот
Следен напис „Тиквешки лозароовоштари“ бара винариите да кажат колку грозје планираат да откупат годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?