Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Берово и Струмица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Берово и Струмица
Агропрогноза

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Берово и Струмица

Објавено 21/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Попова Шапка утрово во 7 часот има највисока снежна покривка од 44 сантиметри. Со пет степени под нула, најстудено е во Берово и Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Маврови Анови има 21 см наврнат снег, девет во Крушево, шест во Ѓуриште, пет сантиметри во Крива Паланка и Пожаране, четири во Тетово, три сантиметри снег се измерени во Скопје – Петровец, два см на мерната станица Скопје – Зајчев Рид и еден сантиметар снежна покривка има во Виница и Куманово. Шест литри на квадратен метар воден талог во 24 часа се измерени во Охрид, пет во Тетово, четири во Крива Паланка, три во Пожаране и Крушево и еден литар на квадрат во Ѓуриште, Виница и Куманово. Покрај Струмица и Берово, каде што се измерени -5, минусни температури утрово има и во Скопје-Петровец, и Гевгелија (-4), три степени под нула во Демир Капија, -2 во Скопје – Зајчев Рид, Битола и Штип и -1 степен во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Виница, Куманово и Крушево.

Во Дојран се измерени 0 степени, два во Охрид и три степени во Претор.

УХМР соопшти дека во ноќните часови во западните и северните делови започнаа врнежи кои беа претежно од снег, само во југозападните делови имаше повремен дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. За денеска најави облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а во источните делови облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне од -2 до 5 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура во главниот град ќе достигне 2 степена.

Може да ви се допадне

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Таг:временска прогноза
Претходен напис Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово и преку планинскиот премин Стража
Следен напис (Видео) Виктор Орбан пие ракија, сече сланина за чварки и меле месо за кобасици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?