Меѓународно оценување на вина и ракии организира Здружението „Винотек” од Кавадарци. Како што појаснија денеска од Здружението, свои мостри за оценка може да достават регистрирани винарии и индивидуални производители.
Активностите се во сорaботка со Локалниот вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци, под покровителство на градоначалникот и општината Кавадарци.
Ќе има повеќе категории за оценување.
Категории за оценување:
- ВИНА: бели, розе, црвени, како и посебна категорија на вина од станушина;
- РАКИИ: лозова, комова, мастика и овошни
УСЛОВИ:
1 – За оценување се приложуват по 2 шишиња од секоја пријавена мoстра во 0,750l или 1l амбалажа и плаќа котизација од 300,00 денари. На секое шише да има налепено сорта (за „куве“ од кои сорти е купажата), година на берба, содржина на шеќер, содржина на алкохол и производител (со број на телефон). Котизацијата се плаќа при предавањето на мoстрите;
2 – Вината и ракиите кои се оценуваат да се предадат во продавницата на ЕУРОХАНДЕЛ (кај црквата Св. Димитрија, Кавадарци) најдоцна до 07 02.2022.
3 – Оценувањето го врши повеќечлена стручна комисија под раководство на проф. д-р Михаил Петков, а резултатите се соопштуваат на Св. Трифун –14. 02. 2021 година, на свеченоста во Винскиот музеј (во Градскиот парк Кавадарци) од 11.00 часот;
4 – Ќе се оценуват сите предадени мoстри, а ќе се доделат награди на најдоброоценетите три вина и три ракии од секоја категорија. За награди можат да учествуваат само тие мoстри за кои има докази дека се произведени во количина поголема од 200 литри и ракија 20 литри. Комисија формирана од организаторот ќе ги преконтролира произведените количини за првите 3 места.
