Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледувачите на свињи ќе бараат порадикални мерки за високоризичните фарми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одгледувачите на свињи ќе бараат порадикални мерки за високоризичните фарми
Агровести

Одгледувачите на свињи ќе бараат порадикални мерки за високоризичните фарми

Објавено 10/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонските одгледувачи на свињи ќе бараат порадикални мерки за да се спречи ширењето на африканската свинска чума.

Бојан Ѓорѓиевски од Здружението на одгледувачи на свињи „Македонско прасе“ вели дека порадикалните мерки ќе се однесуваат за високоризичните одгледувалишта, а ќе се однесуваат на нивна поголема контрола од институциите.

Според него, афиканската свинска чума е заразно заболување, кое не е опасно за луѓето, но доколку се појави и еден случај во една голема фарма се ништат сите свињи.

Одгледувачите на свињи во моментов и официјално ги чекаат резултатите од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои треба да кажат дали заразата во делчевско Драмче е од дива свиња.

-Ова е како корона вирус кај свињите. Во рок од три до пет дена може да угине цело стадо. Не постои вакцина против неа и единствено може да помогнат биосигурносните мерки. Не се пренесува на луѓето, а месото може да се користи со термичка обработка. Ќе чекаме од АХВ да видиме дали и официјално заразата е дојдена од дива свиња, по што ќе ги кажеме и нашите предлози за справување со болеста – вели Ѓорѓиевски.

Тој најави дека во вторник ќе имаат прес-конференција во Скопје, кога ќе ги презентираат нивните барања.

Во земјава од свињарството директно или индиректно живеат околу 10.000 семејства, дури 60 отсто од свињите се одгледуваат во индивидуални стопанства. Станува збор за бизнис од 100 милиони евра, пари кои остануваат во македонската економија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африканска свинска чума
Претходен напис Времето денеска облачно со пообилни врнежи
Следен напис Езерото Калиманци пред еколошка катастрофа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?