Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Демант од МЗШВ во вчерашната изјава на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и пратеникот Петар Ристески за дозволениот увоз на тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Демант од МЗШВ во вчерашната изјава на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и пратеникот Петар Ристески за дозволениот увоз на тутун
Агровести

Демант од МЗШВ во вчерашната изјава на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и пратеникот Петар Ристески за дозволениот увоз на тутун

Објавено 05/01/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро ја демантира вчерашната изјава на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претеникот од редовите на ВМРО, Петар Ристески за увозот на тутун, кој наводно го загрозува откупот на домашното производтсво.

Секоја година во екот на откупот на тутун, ВМРО ДПМНЕ намерно шири невистини во врска со увозот на тутун со што му нанесува директна штета на тутунопроизводството но и на откупните компании. Вистината е дека тутунопроизводителите секоја година склучуваат договори со откупните компании, при што откупните компании се обврзуваат целокупниот произведен тутун кој е договорен, да биде откупен. За реколтата 2021 склучени се 27.650 договори, за очекувано производство на околу 22.137 тони суров тутун во лист.

Ова значи дека е невозможно да остане домашниот тутун неоткупен за сметка на увезениот. Освен тоа увезениот тутун воопшто не е од истите сорти и типови кои кај нас се произведуваат. Увезениот тутун служи за доработка на домашниот. Увезениот тутун, се преработува во капацитетите на компаниите и се извезува на интернационални светски компании кои што произведуваат цигари. Значи, станува збор за увоз за доработка и повторен извоз, со што е остварена разлика на девизен прилив во Република Северна Македонија.

Откупните претпријатија коишто вршат откуп на тутун во Република Северна Македонија, се светски познати и реномирани фирми кои вршат извоз и коишто согласно член 43 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, имаат законско право да увезат необработен тутун за да ги исполнат капацитетите за доработка. Всушност, увоз на тутун се вршел и во минатото, но со новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи кој е објавен во Сл.весник бр. 98 од 21 мај 2019 година, а стапи во сила на 28 мај 2021 година, точно е дефинирано кој има право да врши увоз: Согласно член 43 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 27/20 и 56/21), промет на необработен тутун може да вршат правни лица регистрирани за откуп на тутун во МЗШВ и правни лица регистрирани за производство на производи од тутун и сродни производи во Министерството за економија.

Нагласуваме дека овој тип на увезен тутун не се произведува во РСМ и не влијае врз процесот на откуп на тутун во нашата држава.

За да биде појасно за целокупната јавност, во прилог Ви доставуваме табела со детални информации од кои се гледа, дека увоз на тутун се вршел и претходните години, кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт. Од податоците јасно е дека во нивно време, имало увоз дури и на дупло поголеми количини од она што денес се увезува. Само за пример, во 2016 година, увезени се 5,945 тони непреработен тутун, за разлика од 2020 кога се увезени само 1.872 тони.

За потребите на домашната фабрикација на цигари се потребни тутуни кои не се произведуваат кај нас, а се неопходно потребни за изработката на цигарите. Денес современата бленд цигара е невозможно да се произведе без учество на најмалку 8 тутуни учесници (типови, класи, потекла) во мешавината-харманот. Денес ниту една земја во светот или компанија не се стреми да ги произведе сите тутуни кои се потребни за изработката на цигарите. Во земјите кои истовремено се производители на тутун и цигари, производството на тутун е ориентирано кон оние типови на тутун кои најуспешно и најпрофитабилно можат да бидат произведени во дадените околности. Недостатокот од одреден тип и/или квалитет се надополнува од увоз. Така и кај нас. Тутуните кои се увезуваат не се произведуваат во нашата земја од различни причини. Немање на поволни услови за нивно одгледување, несоодветен квалитет ако би се одгледувале, пониски цени во странство. Затоа се увезуваат крупнолисни тутуни од типовите вирџинија и берлеј, но и тие што се увезуваат не се со високи цени.
Најмногу тутун се увезува од земјите членки на Европската унија, со учество од 75,5% од вкупниот увоз на тутун во Република Северна Македонија и тоа од Бугарија 39,5%, Шпанија 15,5%, Грција 7,5%, Италија 5,8% итн. Увезениот тутун се внесува за потребите на цигарните фабрики и/или за индустриска обработка/доработка (манипулација и софт драинг) кој по извршената обработка/доработка се извезува како тутун со истото потекло. Согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската унија, тутунот од овие земји се увезува без царина. Исто така, тутунот се увезува без царина и од земјите членки на ЦЕФТА (Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Молдавија). Најзначајна воневропска земја од каде се увезува тутун е Бразил со учество од околу 11,5% од вкупниот увоз на тутун. За трети земји, со кои немаме склучено договори за соработка, важат царинските ставки согласно Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2022 година (*) објавена во Сл.весник бр 268/ 2021 година царинската давачка за тарифна ознака 2401 за тутун, суров и непреработен, тутун неоджилен/нережан изнесува 10%, а на тутун сушен на сонце од ориентален вид (како што е нашиот) од тип, Прилеп, Јака, Џебел и др.тутун, царинската давачка изнесува 20%.

За крај на овој демант, потенцираме дека откупот на тутун од реколтата 2020, тече во најдобар ред. Заклучно со 3 јануари 2022 година на сите 173 откупни пунктови, откупени се вкупно 9.920 тони тутун, со просечна цена од 189,7 денари од вкупно договоренa количина од 22.137 тони. Oва значи дека се откупени близу 50 % од договорената количина. Откупот трае согласно Законот за тутун до 31. март 2022 година, што значи дека динамиката на откуп на тутунот е добра. Вчера се откупени 530 тони со просечна цена од 198,1 денар. Од самиот почеток на откупот па се до завршување на откупот Државниот инспекторат е постојано на терен, и ќе биде присутен се до завршување на откупот. Досега се извршени 1500 надзори над откупот.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:демантмзшвтутун
Претходен напис Од петок врнежи и пониски температури
Следен напис Најквалитетен, најопремен и најекономичен – Трактор Solis 75RX во ХЕМОМЕТАЛ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?