Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Охрид солидно посетен за дочекот на Новата 2022 година, најбројни гостите од соседните држави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) Охрид солидно посетен за дочекот на Новата 2022 година, најбројни гостите од соседните држави
Магазин

(Фото) Охрид солидно посетен за дочекот на Новата 2022 година, најбројни гостите од соседните држави

Објавено 31/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Охрид уште од вчера почна да се полни со гости и да потсетува на туристички центар како што и му доликува.

Градот гостите ги пречека со сонце и температура далеку повисока од вообичаената за овој дел од годината, а така, барем според најавите, се очекува да биде и наредните празнични денови.

Според она што може да се забележи најбројни се гостите од соседните држави, најмногу од Србија и Црна Гора. Претежно се работи за помлади лица, кои се тука да ги минат новогодишните празници и најчесто доаѓаат групно, но секако има и индивидуални посети. Гостите според она што го кажуваат, задоволни од времето, убавината на градот, празничната атмосфера, но со забелешки за сместувањето, најмногу на незатоплените соби.

Бројни се и нашинците од дијаспората кои заради зајакнатите мерки за справување со коронавирусот во западните држави решија празниците да ги минат овде. Од вчера и Германија ја стави С Македонија на зелената листа, така што на враќање после празниците назад нема да мора да одат во самоизолација односно домашен карантин, независно дали се вакцинирани или со негативен тест на Ковид-19.

Хотелските капацитети на Охридската ривиера речиси без исклучок ќе бидат со гости во индивидуална режија, без организирани групни посети и до 70-процентна исполнетост.

За разлика од нив, угостителите овие празници барем според најавите ќе ги минат со одлична посетеност, иако во рестораните, кафулињате, баровите оваа година се со нешто повисоки цени. Повеќето од репрезентативните кафеани се целосно закупени, со уште мал број преостанати места. Дел од угостителските објекти ќе работат со симболична цена за влез и редовни цени на пијалоците, така што има понуда и за оние со поплиток џеб.

Градот е веќе украсен, на Градскиот плоштад веќе е поставена бината така што Новата 2022 година се очекува одреден број гости и охриѓани да ја дочекаат на отворено. За нивна забава ќе се погрижат локални естрадни уметници и групи, најавен е настапот на „Ле-трик”, „Бекдор-Бенд”, „Камелеон”, „Урбан планет”, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите „Фејс” и „Гец” заедно со Јана Слеј.

Во секој случај, Новата година Охрид ќе ја дочека со неспоредбено поголем број гости отколку лани на дочекот на оваа 2021 што е на истек, кога поради епидемијата на коронавирусот беа целосно забранети организирани забави и побројни семејни собири.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:охрид
Претходен напис Американска компанија нуди доживотна претплата за вино – Секој претплатник ќе добива четири шишиња вино месечно до крајот на својот живот
Следен напис Голем одрон на патот Свети Николе – Миладиновци, сообраќајот пренасочен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?