Иако се занимаваат со традиционално производство на пијалок кој постои веќе 8.000 години, винарите се многу иновативни луѓе. Во последните неколку години на пазарот се појавија многу необични вина, почнувајќи од портокалово и сино, па сѐ до оние кои созреале во вселената или во морските длабочини. Но, покрај начинот на производство, винарите почнаа да ги менуваат и техниките на продажба. На пример, американската компанија Obvious Wines им обезбедила на своите клиенти доживотна претплата за вино за претплата од 6.000 американски долари.
На своите клиенти им нуди „локално одгледувани, неснобски вегански вина“ за претплата од 6.000 долари. Кој ќе се претплати на овие вина ќе добива четири шишиња вино месечно до крајот на својот живот.
Просечната цена на едно шише од нивното вино е 20 долари, што значи дека корисниците на овој пакет ќе добиваат вино во износ од 80 долари месечно. Математиката вели дека нивната претплата ќе се исплати за шест години. Значи, ако сега одвојат 6.000 долари, од 2029 година ќе пијат бесплатно. Самата винарија на својата веб-страница се пошегува дека тоа е лош деловен потег за неа, но добар за клиентите.
Компанијата моментално може да испраќа вина во 35 американски сојузни држави.
