Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Обезбедени средства за доизградба на градскиот пазар во Делчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Обезбедени средства за доизградба на градскиот пазар во Делчево
Агровести

Обезбедени средства за доизградба на градскиот пазар во Делчево

Објавено 27/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Општина Делчево доби 13,9 милиони денари за проектот „Градски пазар во Делчево-отворен и затворен дел II фаза“ со што се заокружува финансиската конструкција за целосно завршување на современиот градски пазар во Делчево. Согласно со потпишаниот Договор, обврската на Општина Делчево за доизградба на градскиот пазар е 4,8 милиони денари.

Како што истакна градоначалникот Горан Трајковски, по новогодишните и божиќните празници, Центарот треба да го распише тендерот за избор на најповолен економски оператор за доизградба на градскиот пазар, кој е капитален проект во Делчево и кој ќе биде двигател на локалната економија.

– Од постоењето на Делчево, градот за прв пат добива современ градски пазар. Вкупната вредност на проектот е 35 милиони денари, од нив во првата фаза, 7 милиони денари беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, додека во втората фаза од изградбата, обезбедени се средства од Министерството за локална самоуправа- Биро за регионален развој преку Центарот за развој на ИПР во висина од 13,9 мил. Останатите средства ги обезбедува Општина Делчево, рече Трајковски.

Со реализацијата на овој проект, Делчево ќе добие современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на најразновидната стока, како и соодветен паркинг– простор. Градскиот пазар е со површина на градежна парцела 11.599 м2 и површина за градење 6.944 м2 и содржи продажен простор за земјоделски производи, но и други стоки.

Инаку, во тек е изградба на нова улица која го поврзува новиот пешачки мост и новиот градски пазар со што се решава уште една инфраструктурна потреба која е во насока за заживување на овој дел од централното градско подрачје кое добива нов урбан лик.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пазар
Претходен напис На дното на Охридското Езеро поставена елка за поддршка на децата со ретки болести
Следен напис Годинешните јаболка поподложни на расипување во складиштата – Што е причината?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?