Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тамара од Злетово одгледува овци и произведува сирење: Со многу работа и неоткажување пред препреките, на крај успеав да направам една успешна сточарска приказна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Тамара од Злетово одгледува овци и произведува сирење: Со многу работа и неоткажување пред препреките, на крај успеав да направам една успешна сточарска приказна
Сточарско производство

Тамара од Злетово одгледува овци и произведува сирење: Со многу работа и неоткажување пред препреките, на крај успеав да направам една успешна сточарска приказна

Објавено 16/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Поттикната од традицијата во нашиот крај, којшто располага со одлични услови за традиционално овчарство, од 2012 г. се занимавам со сточарство не многу активно, а после 2016 г. активно и професионално“, ја започнува својата приказна Тамара Трајковска од Злетово.

Таа заедно со сопругот одгледуваат 360 грла овци, а имаат вработено и овчар.

„Во тек ни е изградба на ново трло, со повеќе помошни објекти, а сето тоа го финансираме преку самокредитирање од „Прокредит“. Се надеваме дека со помошните објекти ќе си го олесниме целиот процес на одгледување. Храната со која ги храниме овците ни е од органско сопствено производство, што многу се одразува на квалитетот на сирењето што го произведуваме, бидејќи за да имаме задоволни потрошувачи, треба да имаме константен висок квалитет.“, вели Тамара.

Освен јагниња семејството Трајковски продава и сирење произведено на традиционален начин, зачуван неколку поколенија наназад од рајчанското поднебје на Осоговските планини.

„Се надеваме дека со добрата промоција на нашиот производ ќе стигнеме до сѐ повеке потрошувачи кои ќе знаат да го препознаат квалитетот и да го ценат нашиот труд“.

„Долги години работев напорно без сигурен пласман за мојот производ. Затоа мислам дека здружени ние младите сточари можеме заедно ентузијастички да внесеме новини во сточарството, заедно да се избориме за подобри услови, да соработуваме, заедно со разменување на искуства да ги развиваме нашите производи“, вели Тамара, која од неодамна е член на управен одбор на Здружението „Млад сточар“, а од здружувањето на сточарите очекува сигурност, стабилност и успеси во оваа земјоделска гранка.

Својата успешна сточарска приказна Тамара сака да ја искористи да ги поттикне и другите млади жени да се вклучат во сточарството.

„Јас сакам посебно да се обратам до жените, доколку би сакале да успеат во која било дејност, особено во оваа гранка, да си ги бараат своите права, да бидат упорни, со голема самодоверба и волја за остварување на својата зацртана цел, бидејќи и тие можат да бидат успешни, а јас сум пример дека една млада жена со многу работа и неоткажување при многуте препреки со коишто се соочив, на крај успеав да направам една успешна сточарска приказна.“

Покрај обезбедување сигурен пласман, поволни и заштитени цени, и полесен пристап до странските фондови, преку кои подобро би се реализирале проектите на секој еден земјоделец, Тамара смета дека е потребна поголема поддршката на руралните жени, бидејќи тие доколку имаат поддршка, навистина имаат што да придонесат во сточарството.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:тамара трајковска
Претходен напис (Видео) Горан Дамовски, директор на ИМЕ: Нашата поддршка и директна инволвираност во „Деновите на кариера“ е во зголемување на можностите студентите да дојдат до компаниите, со цел нивно полесно вработување по завршување на студиите
Следен напис Песто со масло од маслодајна репка, за превкусни и здрави тестенини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?