Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Додека цените на лебната пченица паѓаат, се предвидува поскапувањето на тврдата пченица да достигне највисоко ниво во последните 13 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Додека цените на лебната пченица паѓаат, се предвидува поскапувањето на тврдата пченица да достигне највисоко ниво во последните 13 години
Пазари

Додека цените на лебната пченица паѓаат, се предвидува поскапувањето на тврдата пченица да достигне највисоко ниво во последните 13 години

Објавено 14/12/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На пазарот се забележува недостиг на тврда пченица, што предизвикува поскапување на тестенините, додека понудата на леб е задоволителна.

Цените на лебната пченица во САД паднаа по објавувањето на податоците на USDA (американското Министерство за земјоделство), кои го коригираа и најавија поголемо глобално производство, како и залихи на таа житарка. Тамошното министерство ги зголеми своите прогнози, бидејќи количините на пченица во Австралија, Канада и Русија се поголеми од претходните месеци, иако се стравуваше дека дождовите во Австралија ќе доведат до голем пад на приносите, наведува Агрархеуте.

Побарувачката на меѓународниот пазар влијаеше и на европските цени на житарките. На париската берза МАТИФ водечкиот договор за пченица за март падна за речиси пет евра – до сегашните 282,50 евра за тон.

Паѓаат цените на лебната пченица

Глобалните декемвриски прогнози на USDA во периодот 2021/22 година вклучуваат низа корекции, односно поголемо производство, поголема потрошувачка, поголема трговија и, конечно, поголеми залихи.

Австралиското производство се зголеми за 2,5 милиони тони на рекордни 34,0 милиони тони, врз основа на најновите податоци од ABARES (Биро за земјоделска економија и наука на Австралија).

Производството во Русија се зголеми на 75,5 милиони тони поради поголемата жетва на зимската пченица, според ажурираните податоци на руското Министерство за земјоделство. Канадската е зголемена за 0,7, на 21,7 милиони тони.

Најголемата промена го погодува Иран, бидејќи има зголемување на увозот од 1,5 милиони тони на седум милиони тони. Причината за тоа е многу слабиот род. Тоа е најголемиот ирански увоз на пченица на сите времиња, надминувајќи го претходниот рекорд од 6,8 милиони тони од 2008/09 година.

Предвидените глобални залихи во 2021/22 година се зголеми за 2,4 милиони тони на 278,2 милиони тони од страна на USDA. Најголеми зголемувања се забележани во Австралија и Канада, како и во САД.

Поскапување и недостиг на тврда пченица

Во исто време, сведоци сме на поскапување на тестенините поради пониското производство и високите цени на тврдата пченица на светските берзи. Ова е уште еден удар по џебот на потрошувачите кога се знае дека голем дел од граѓаните во исхраната користат тестенини.

Поради високите температури и сушата жетвата во 2021 година потфрлила, пред сѐ во Австралија, Канада, Италија и Унгарија, главни земји производители на овој вид пченица.

Цената на тврдата пченица во Канада достигна 610,78 евра за тон, додека во САД е во благ пад. Пад бележи и Чикашката берза, но неизвесно е колку ќе трае и до која сума.

Според извештајот на канадската комисија за развој на пченицата на провинцијата Саскачеван, овогодишниот принос бил многу помал од очекуваниот. Досега земјата има извезено помалку ваков вид жито отколку во истиот период лани. Годинешниот род го намалија временските услови, односно поголемите количества дожд кои наврнаа непосредно пред созревањето и жетвата. Инаку, канадското производство задоволува две третини од светските потреби за тврда пченица.

Италијанските производители на тестенини досега ги задоволуваа своите потреби на домашниот пазар, но годинава беа принудени да одат на меѓународно ниво. Се очекуваше производството во таа земја да ја надмине успешната реколта од 2020 година, но површините под тврда пченица беа намалени.

Поради сето наведено, се предвидува дека поскапувањето ќе достигне највисоко ниво во последните 13 години. Светските акции се сведени на најниско ниво во последните шест. Производителите стравуваат дека нема да имаат доволно суровини во првата половина на 2022 година.

Заедно со намалувањето на количината и зголемувањето на цената, потрошувачите се обидуваат да најдат алтернативи. Австралија ги продаде своите залихи од минатата година на Европската Унија. Мексико со пченица се снабдуваше од Алжир, додека во Турција, која е голем извозник на тестенини, проблемот е решен со промена на законските прописи. Тие го зголемија уделот на обичната пченица од 30 на 100 проценти и на тој начин избегнаа недостиг на тестенини.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Влада: Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2026 год.
Таг:пченица
Претходен напис Фискални уреди и за индивидуални фарми во Србија – Во кои случаи фармите треба да имаат фискален апарат?
Следен напис Германија бележи рекордна продажба на земјоделска механизација во 2021 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?