Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шахпаска: Со новиот Закон за работни односи ја олеснуваме работата на сезонските работници и во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шахпаска: Со новиот Закон за работни односи ја олеснуваме работата на сезонските работници и во земјоделството
Агровести

Шахпаска: Со новиот Закон за работни односи ја олеснуваме работата на сезонските работници и во земјоделството

Објавено 13/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во петокот оствари средба со претставници од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). На средбата се разговараше за „Проектот за подобри услови за вработување на сезонски работници во Република Северна Македонија“. Проектот за регистрирање на сезонските работници преку донесување на нови или дополнување на постојните законски решенија за употреба на софтверско решение, а е поддржан од ГИЗ, треба да го имплементира Центарот за истражување и креирање на политики – ЦИКП – Скопје. Министерката Шахпаска посочи дека секоја помош е добредојдена во формализирање на неформалната економија.

„Ние сме свесни колку е значајно неформалната економија да се формализира. Го финишираме драфот на новиот Закон за работни односи кој овозможува поголема заштита на работничките права, особено во делот на сезонската работа, односно сезонските работници. Во него се предвидени одредби кои овозможат работодавачот со плаќање на придонеси во зимскиот период да си обезбеди работна квалификувана сила од претходната сезона, за следната година. На тој начин, сезонските работници ќе имаат сигурност во периодот во кој што не одат на работа“, рече Шахпаска.

Според претставниците на ГИЗ, од посебна важност е подигање на свеста кај работниците за тие да почнат да го употребуваат електронскиот систем за регистрирање сезонски работници во земјоделството, односно на ранливите групи на граѓани. Со формалното регистрирање на работниците освен што се решава нивниот статус, фармерите и земјоделските претпријатија ќе ги почувствуваат придобивките од пријавениот труд. На овој начин ќе се намали неформалниот работен ангажман.

Со „Проектот за подобри услови за вработување на сезонски работници се очекува зајакнување на капацитетите на јавните институции и надлежните министерства и зајакнување на соработката меѓу институциите и интегрирање на податочните бази од повеќе јавни институции со цел подобро евидентирање и следење на состојбите.

Овој проект претставува продолжување на Проектот – Зголемување на можностите за вработување на сезонските работници во регионот на Југоисточна Европа во 2019 и 10/2020 година, кој исто така го имплеменитраше ГИЗ и Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Република Србија, ЦИКП – локален партнер.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Сезонски работницишахпаска
Претходен напис Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка и во Маврово
Следен напис Намален водостојот на Брегалница, нема опасност од поплави во Штипскиот регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?