Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во последните 10 години преполовен бројот на производителите на тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во последните 10 години преполовен бројот на производителите на тутун
Агровести

Во последните 10 години преполовен бројот на производителите на тутун

Објавено 09/12/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунарот има просечен месечен приход од 416 евра. Доколку се земе предвид дека на четиричлено семејство му се потребни просечно 552 евра за покривање на основните месечни трошоци, колку што изнесуваше вредноста на минимална потрошувачка кошничка за домаќинствата во април 2021 година, едно тутунско домаќинство има 136 евра помалку од тоа што му е потребно за да преживее месечно.

Ова беше истакнато на денешната онлајн тркалезна маса на тема „Презентација на резултати од прва студија „Производство на тутун и ефектите од субвенциите за тутун во РС Македонија”, при што беше заклучено дека во голема мерка се потребни подлабински анализи и мерки.

Анализите спроведени од „Аналитика тинк-тенк” заедно со Универзитетот „Илиноис” од Чикаго покажуваат дека 30 проценти од интервјуираните производители на тутун се подготвени да го пренасочат своето производство во согласност со барањата што може да се јават за време на процесот на пристапување во ЕУ.

Според професорот Борче Треновски, Владата треба да работи на едукација и информирање на тутунарите во земјава за потребата од пренамена кон други култури, а Министерството за земјоделство и другите релевантни институции треба да спроведат темелна анализа за да се најдат култури кои генерираат висока вредност и можат да помогнат да се замени тутунот.

Помалку одгледување на тутун, значи помалку исплати на субвенции за тутун, а разликата може да се распредели за инвестирање во култури со повисока вредност, вели Треновски, укажајќи на фактот дека глобалната побарувачка за цигари се намалува, што веќе доведува до намалување на побарувачката на листови на тутун и цените на тутунот.

– Северна Македонија не е исклучок од овие светски трендови и ќе биде директно погодена од нив, изјави Треновски.

Според Бојана М. Христовска од Аналитика и покрај високите субвенции за тутун во државава бројот на тутунари и производство на тутун се намалува.

– Проблемот е што постојаното зголемување на субвенциите за тутун ги мотивира тутунарите да одгледуваат повеќе тутун за да добијат повеќе субвенции, иако не се сигурни дека ќе можат да го продадат произведеното количество. Ова нарушување често генерира големи количества вишок на тутун, што ги намалува цените, потенцира Христовска.

Таа додаде дека и покрај големите субвенции, одгледувањето на тутун е во опаѓање, а приходот што го произведува е недоволен.

– Бројот на одгледувачи на тутун бележи опаѓачки тренд, почнувајќи од 2010. Во 2020 година бројот на одгледувачи на тутун (19.702) е помал од половина од одгледувачите на тутун во 2010 година (42.622). Овој период се карактеризира со широка миграција од село во град и напуштање на одгледувањето тутун, бидејќи тоа е исклучително трудоинтензивно. Помладите генерации не се особено заинтересирани за одгледување на тутун и се преориентираат кон други професионални активности, оцени таа.

Приближно 45 отсто од вкупното население живее во рурални средини кои опфаќаат околу 87 проценти од вкупната површина на државата од кои 21 отсто се ангажирани во земјоделскиот сектор.

Податоците на Министерството за земјоделство покажуваат дека тутунот сочинува 20,4 проценти од вкупната извозна вредност на земјоделски и прехранбени производи.

Регионалното истражување е во рамките на проектот „Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (УИЦ) – Институт за истражување и здравствена политика.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:тутун
Претходен напис Јавен повик бр.09/2021 за доставување на бaрања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година
Следен напис Вицепремиерот Битиќи ги поддржа земјоделците од Валандовско во напорите за поголем развој на Договорното производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?