Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кај Штип ќе се гради соларен парк за 94.000 домаќинства, вреден 270 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кај Штип ќе се гради соларен парк за 94.000 домаќинства, вреден 270 милиони евра
Агровести

Кај Штип ќе се гради соларен парк за 94.000 домаќинства, вреден 270 милиони евра

Објавено 07/12/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Соларен парк што ќе ги задоволува потребите за струја на 94.000 домаќинства ќе се гради од следната година на потегот од Штип до Свети Николе, на локацијата каде што требаше да има карго аеродром на површина од 452 хектара. Инвестицијата, која со одлука на Владата е прогласена за стратешка, е проценета на околу 270 милиони евра. Ќе ја реализира француската компанија „Акуо Енерџи“ преку Друштвото за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. Тоа е најголемата француска инвестиција во државава во последните 15 години. За нејзина реализација се подготвува закон кој очекува да биде донесен во првиот квартал наредната година.

– Северна Македонија ќе добие соларен парк кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет на производство на електрична енергија од 360 до 400 мегавати. Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен за македонската економија. Местоположбата, согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето, како и оддалеченоста од преносната мрежа, има одлични услови за изградба на фотонапонска електрена, рече денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на инвестицијата.

Францускиот амбасадор во државава Сирил Бомгартнер истакна дека инвестицијата има големо стратешко значење бидејќи ќе придонесе да се зајакне енергетската независност на Северна Македонија, истовремено помагајќи и на земјата да го изоди својот амбициозен европски пат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

– Освен тоа, оваа инвестиција испраќа сигнал за пријателство до Северна Македонија и сигнал за доверба во нејзината европска иднина. Се разбира, модалитетите за нејзиното спроведување треба да бидат утврдени со посебен закон. Овој сигнал не е изолиран. Големата француска агенција активно се мобилизира во земјата, рече амбасадорот Бомгартнер. По потпишувањето на Рамковниот договор оваа зима во Париз од страна на францускиот и на македонскиот министер за надворешни работи Агенцијата имала најмалку пет посети со цел да се идентификуваат корисни проекти што треба да се реализираат во земјата.

– Нашата заедничка цел сега е да ги дефинираме, а веќе од следната година и да започнеме со реализицаија на првите проекти, рече Бомгартнер, посочувајќи и дека десетина француски компании моментно работат на своето позиционирање на македонскиот пазар.

Според Заев, инвестицијата е директна придобивка од реформите во енергетскиот сектор.

-Акио енерџи со изградба на соларниот парк Стипион, како и германската Випиди која вложува во новиот ветерен парк „Вирови“ ќе дадат нов стимул на нашата економија со ангажирање на домашна работна сила, млади кадри кои својата иднина ја гледаат во вакви современи компании, рече Заев.

Во моментот во фаза на градба се фотонапонски електрани преку принципот на поддршка со премиум тарифи со инсталиран капацитет од 60 мегавати, а дел од нив се пуштени и во употреба. Изградена е првата и најголема фотонапонска електрана од страна на ЕСМ со инсталиран капацитет од 10 мегавати и наредната година ќе почнат со изградба двете електрани од по 50 мегавати во Осломеј или вкупно 170 мегавати што е за 10 пати повеќе од 17-те мегавати коишто се изградени во претходните 26 години.

Во фаза на изработка, информираше Заев, се и технички студии за изградба на нови 10 мегавати фотонапонска електрана во РЕК Осломеј, како и на нови 160 мегавати фотонапонски електрани во РЕК Битола, проекти финансирани од ЕБОР и Германската развојна банка КфВ. Владата издаде и овластување за изградба на три ветерни парка со вкупен капацитет од 110 мегавати и со постојниот ветерен парк „Богданци“ бројката ќе се заокружи на 150 мегавати. На тендерот за премиуми што беше објавен оваа година, втор по ред, пријавени се инвеститори со вкупен инсталиран капацитет од 207 мегавати иако беа понудени само 80 мегавати. Ова е показателот дека работите се движат во вистинска насока.

– Енергетската инфраструктура не се гради преку ноќ. Потребна е добра подготовка и добри проекти, обезбедување на поволни кредити и избор на добри фирми со цел успешна реализација. Доколку овие заложби и вложувања се случиле многу порано наместо да се инвестира во непродуктивни проекти денешната енергетска криза немаше да биде со ваков интензитет, рече Заев.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:соларен паркстѕипионстипион
Претходен напис Костадинов: Местото за продавање е во пазарот, а не на тротоарите!
Следен напис (Фото приказна) Политичари, направете услови во село, оти ако дојдеме во град, ќе ви ги земеме местата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?