Глобалниот недостиг на ѓубрива ја зголемува цената на храната и ги доведува посиромашните земји до криза, изјави за Би-Би-Си Свеин Торе Холсетер, извршен директор на еден од најголемите светски производители на азотни ѓубрива, „Yara International“.
Трошоците за производство на ѓубрива ги зголемуваат повисоките цени на гасот, што последично влијае на цените на храната ширум светот. Уште во октомври, „Yara International“ најави затворање на околу 49 отсто од европските капацитети за производство на амонијак.
Холсетер тврди дека земјите во развој ќе бидат најтешко погодени од недостигот, падот на приносите и зголемувањето на цените на храната.
„Навистина е страшно, се соочуваме со прехранбена криза, најпогодени се најранливите“, вели тој, додавајќи дека во неразвиените земји тоа е прашање на живот или смрт.
До зголемување на цената на гасот доведе отклучувањето на фармите, по острите мерки поради пандемијата на ковид-19, но и до намалување на користењето на обновливите извори на енергија.
Земјоделците во САД го одложуваат купувањето на ѓубрива
Доказ дека глобалниот недостиг на азотни ѓубрива ги зголемува цените на рекордно ниво се земјоделците во САД, кои го одложуваат купувањето и ризикуваат голема побарувачка на ѓубрива напролет, пред сезоната на сеидба, пишува Ројтерс.
Ѓубривата таму најчесто се користат за зголемување на приносот на пченка, маслодајна репка и пченица, а повисоките трошоци би можеле да се одразат на поскапувањето на месото и пекарските производи.
Арктичката воздушна маса која владееше во Тексас во февруари и ураганот Ајда во август го нарушија производството на ѓубрива. Потоа цените на природниот гас, пораснаа во Европа поради големата побарувачка и ниската понуда. Глобалните цени на уреата надминаа 1.000 долари за тон за прв пат овој месец, објави BMO Capital Markets. Во исто време, Русија и Кина го ограничија извозот.
Ризикуваат поради високите цени
„Имаме доволно залихи на азотно ѓубриво за да се примени пред зимата“, изјавил Дарен Копок, извршен директор на локалното Здружение на земјоделски трговци. Тој објасни дека сегашната примена го намалува пролетното оптоварување. Но, поради превисоките цени, некои земјоделци го одложуваат купувањето и ризикуваат недостаток во најфреквентниот период од годината, кога цените би можеле да бидат уште повисоки.
Повеќе соја, помалку пченка
„Загрижен сум за цената бидејќи не знам што да очекувам следната година. Може да биде уште полошо“, вели фармерот Џим Цимерман, пренесува agroklub.
Земјоделците би можеле да ги намалат потребите за ѓубрива со сеење повеќе соја, а помалку пченка, но има малку докази дека повеќето од нив планираат да го сторат тоа. Министерството за земјоделство на САД предвидува дека површините под земјоделски култури ќе паднат на 92 милиони хектари во 2022 година, од 93,3 милиони оваа година.
Земјоделците би можеле да ги намалат потребите за ѓубрива со сеење повеќе соја и помалку пченка, но има малку докази дека повеќето планираат да го сторат тоа. Одделот за земјоделство на САД предвидува дека површината под земјоделски култури ќе падне на 92 милиони хектари во 2022 година, од 93,3 милиони оваа година.
