Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Куманово ќе постави мобилни станици за мерење на аерозагадувањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Куманово ќе постави мобилни станици за мерење на аерозагадувањето
Агровести

Куманово ќе постави мобилни станици за мерење на аерозагадувањето

Објавено 24/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Куманово склучи договор со приватна компанија за набавка на систем за мерење на аерозагадување, соопштија денеска од секторот за комунални дејности.

За набавката на системот, Општината од буџетот ќе одвои 659.200 денари без данок на додадена вредност.

Договорот со избраната фирма од Скопје на јавна набавка е склучен на 11 ноември годинава и се очекува веќе од наредната недела да бидат утврдени точните локации за поставување на системот кој ќе го мери аерозагадувањето во градот.

Минатата година општината реализираше пилот-проект со фирма која монтираше поголем број на мобилни станици и мобилни мини станици на подрачје на општина Куманово на повеќе локации, кои беа објавени на општинскиот сајт и секој можеше да провери какво е загадувањето во тие делови од градот.

Надлежните се надеваат дека со оваа набавка општината ќе има детален увид во аерозагадувањето во одредени делови од Куманово. Во градот има една високопрофесионална мерна станица поставена пред повеќе од десет години во дворот на општата болница Куманово и токму болницата која се затоплува на мазут, според процените на стручните, е еден од најголемите загадувачи во градот. Од општата болница, претходно информираа дека привршува проектот за гасификација на болницата. Наскоро се очекува приклучок на мрежата, по склучувањето на договорот со ЈП „Куманово-Гас” по што ќе следи пробно пуштање на гас и тестирање на мрежата.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:куманово
Претходен напис Повремени врнежи од дожд од петок, потопло време за викендот
Следен напис Едукативен настан со Развојна банка на Северна Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?