Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дивите свињи ги сотреа питомите костени во Порече
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дивите свињи ги сотреа питомите костени во Порече
Агровести

Дивите свињи ги сотреа питомите костени во Порече

Објавено 22/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неповолната хидролошка состојба со малку врнежи од дожд, екстремно високи температури и зголемениот пораст на дивите свињи во природата, беа трите клучни фактори зошто жителите на Поречието собраа помали количества костен, далеку од количините што ги остварија пред повеќе години.

– На почетокот на оваа календарска година нашите очекувања беа големи дека годинава ќе имаме добар род на костенот и приноси од кои ќе може нешто и да се заработи. Но, најпрво проблемите се создадоа со долготрајната суша и екстремно високите температури во еден подолг период од летото и почетокот на есента, вели Трајан Крстески, жител на Порече.

Тој го посочува проблемот што на костените го предизвикале дивите свињи.

-Капак на сѐ беше големата наезда на диви свињи кои буквално го преполовија родот на костенот, бидејќи целокупните количини кои паднаа од костените беа главна цел на многубројните диви свињи, кои не само што ги собраа најголемите количества костен, туку барајќи род ја преораа целата земја под овие родни стебла и беше невозможно да се пронајде некој костен од огромните штети што ги предизвикаа дивите свињи, додава Крстески – жител на село Звечан.

За овој проблем говореа и повеќе жители и од други Поречки села познати по бројните стебла на питом костен.

– Годинава имавме големо потфрлање на костенот и ако просечно собиравме еден тон питом костен во текот на есента, годинешните количества се преполовени. Високите температури во подолг период придонесоа костенот што беше изложен на сонце, поради високите температури и сончевината не можеше доволно да се развие и остана многу ситен, а во добар дел и празен – вели Милован Стојкоски, посочувајќи го и тој проблемот со костенот што го создале дивите свињи.

Според него, можеби овие штети и немаше да бидат толку големи ако, како што вели, не се појавеше проблемот со дивите свињи, кои поради бројноста во природата и малиот избор на храна во шумата, го искористија питомиот костен и го преполовија и без тоа намалениот род.

Поречани забележуваат дека на македонскиот пазар е присутен костен од увоз во големи количества, но тврдат дека квалитетот на поречкиот костен е далеку од квалитетот на увезениот кој е многу послаб. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дивите свињикостениПорече
Претходен напис Од полноќ нови цени на горивата – Дизелот се намалува за 1,50 денари
Следен напис Енолози ќе дегустираат и оценуваат младо вино, ги повикаа семејните производители да достават мостри
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?