Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голем недостаток на пченица во светот, се очекува скок на цените
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Голем недостаток на пченица во светот, се очекува скок на цените
Пазари

Голем недостаток на пченица во светот, се очекува скок на цените

Објавено 22/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Љубителите на италијанските тестенини можеби ќе треба да посегнат подлабоко во џебот за да ја добијат омилената храна, бидејќи производителите не можат да сметаат на канадската тврда пченица, а жетвата во Италија е ослабeна, пишува Ројтерс.

На Канада вообичаено отпаѓаат околу две третини од глобалната трговија со тврда пченица, а жетвата оваа година треба да биде за половина послаба од 2020 година поради екстремните горештини и сушата.

Поради слабата жетва во Канада, цените на тврдата пченица веќе се искачија на највисоко ниво во последните 13 години, што ги зголеми стравувањата од нагло зголемување на цените на храната за време на периодот на закрепнување на економијата од пандемијата на ковид-19.

Преполовеното канадско производство, исто така, се совпадна со падот на светските залихи на тврда пченица на најниско ниво во последните шест години, делумно поради тоа што луѓето складираа тестенини за времето на карантините.

Италијанските производители на тестенини најчесто задоволуваат најголем дел од потребите за тврда пченица на домашниот пазар, но прогнозата за жетвата неодамна е намалена и тие ќе бидат принудени да излезат во виорот на меѓународните пазари.

Жетвата на тврда пченица во Италија оваа година се очекуваше да го надмине нивото во 2020 година, но Европската комисија ја намали проценката за производство во октомври од 4,3 на 3,7 милиони тони, па производителите на тестенини почнаа да стравуваат за залихите во првата половина на следната година.

„Ќе биде подраматично отколку што е сега, бидејќи сè уште можеме да добиеме домашна пченица во моментов. Ситуацијата со тврдата пченица е многу сериозна“, рече извршниот директор на брендот за тестенини „Divella“, Винченцо Дивела.

Некои компании се изложени на ризик од недостиг на клучни суровини откако домашните резерви на пченица се исцрпени и би можеле да бидат принудени да го прекинат производството во наредните месеци, предупреди аналитичарот на „Strategy Grains“, Северин Омнес-Маисонс.

„Што се однесува до цените и недоволната понуда на тврда пченица, најлошото можеби допрва доаѓа“, истакна Омнес-Маисон.

Откупувачите најдоа замена за канадската пченица, па Австралија оваа сезона се проби на второто место на листата на добавувачи на оваа храна во Европската Унија, а Мексико ја исполни големата побарувачка за увоз со пратки од Алжир.

Турција ги менува прописите

Турција, главен извозник на тестенини, одговори на кризата во снабдувањето со тврда пченица со регулатива која го зголеми максималниот удел на обичната пченица во тестенините за извоз од 30 на 100 проценти.

Намалената побарувачка од Турција и Северна Африка ќе биде главната причина за падот од 6 отсто на глобалната потрошувачка на тврдата пченица во производството на храна во сезоната 2021/2022 година, предвидува „Strategy Grains“.

Меѓународниот совет за житарки предвидува дека глобалната побарувачка за тврда пченица ќе падне на најниско ниво во последните 19 години, а залихите ќе паднат на најниско ниво во последните 14 години до следното лето, што значи дека понудата ќе биде речиси еднаква на побарувачката пред следната жетва.

Иако некои производители на тестенини значително ги зголемија цените, префрлајќи дел од трошоците на крајните потрошувачи, тоа веројатно нема да има големо влијание врз побарувачката во богатите европски земји, каде што тврдата пченица е пропишаната суровина за овој прехранбен производ.

Домаќинствата дефинитивно ќе го почувствуваат поскапувањето.

Компанијата за анализа на податоци „Нилсен“ соопшти дека цените на евтините брендови на тестенини во супермаркетите во Франција пораснале за речиси една петтина во октомври во споредба со минатата година, а ова можеби е само најава за големите зголемувања на цените што се на врата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Грешката што ја правите кога готвите тестенини и на тој начин внесувате многу повеќе калории
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Таг:пченицатестенини
Претходен напис Денеска облачно со повремени локални врнежи од дожд
Следен напис Со строги контроли Русија го отежнува увозот на јаболка – Дали целта е да се зголеми цената на домашните јаболка?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?